Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

„Генералка викенд“ – да бидеме како Јапонците, порача Сиљановска-Давкова

Да бидеме како Јапонците. Прво да ги чистиме сопствените дворови, па да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Да бидеме како Јапонците. Прво да ги чистиме сопствените дворови, па да одиме на работа. Ова мора да ни стане филозофија на живеење, порача претседателката Сиљановска за време на најголемата еколошка акција „Генералка викенд“. Со градоначалникот на Скопје и министерот за животна средина ја предводеа акцијата во која беа вклучени над 80.000 волонтери од сите општини и ученици од основните и средни училишта низ Македонија.

„Сметам дека е многу добро секој ден да го почнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците. Претпоставувам дека знаете – тие најпрвин чистат таму каде што живеат, околу своите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане филозофија на живеење – изјави Сиљановска-Давкова. Овде зад мене е градоначалникот на Скопје и јас посакувам да го следи примерот на градоначалничката на Париз, Ана Идалго, која некои париски улици ги трансформира во зелени површини. Зеленото е убаво, прекрасно. Скопје треба да се озелени, но претходно треба да се исчисти“, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Градоначалникот Георгиевски информираше дека со поддршка на Владата во финална фаза е набавката на 40-те нови камиони за „Комунална хигиена“, како и  обновување на механизацијата во „Паркови и зеленило“.

Реклама

„Но, колку и да се трудиме, ако граѓаните не ја третираат животната средина соодветно, ако отпадот не се одлага таму каде што треба, нема да го постигнеме заедничкиот ефект. Скопје е наш заеднички дом и треба да се грижиме за него исто како за сопствените домови. Потребно е дополнително да ја јакнеме свеста кај сите нас – имаме прекрасна држава и прекрасен град, кои треба да ги негуваме, да ги чуваме и да ги озеленуваме уште повеќе“, изјави Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Град Скопје.

„Министерството за животна средина и просторно планирање континуирано ги поддржува ваквите иницијативи затоа што така заедно ја градиме свеста дека грижата за животната средина треба да биде секојдневна навика“, изјави Мухамет Хоџа – министер за животна средина.

„Нека оваа акција на граѓанското општество придонесе за поголемо и поефикасно годишно отстранување на отпадот и дивите депонии“, изјави амбасадорот на Австрија Мартин Памер.

„Генералка викенд“ се одржува од 2021 година и е замислена како десетгодишна национална иницијатива. Досега во рамките на акцијата учествувале над 100.000 волонтери од сите 81 општина, собрани се повеќе од 1,5 милион килограми отпад, а секоја година се реализираат акции на над 500 локации во Македонија.