Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Муцунски во Париз се сретна со советниците на францускиот претседател Емануел Макрон, задолжени за континентална Европа и Турција

Во рамки на посетата на Париз, министерот за надворешни работи и надворешна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на посетата на Париз, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средба  со советниците на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон, задолжени за континентална Европа и Турција, како и за Европа, Бертран Бушвалтер и Алексис Дутертр.

Како што соопшти МНРиНТ, на средбата биле разменети мислења за евроинтегративниот процес и актуелните случувања во регионот и во Европа.

-Министерот се сретна и со директорот на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), Жером Филипини, при што беше потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија и Националниот институт за јавни служби (INSP). Со тоа се отвораат нови можности за соработка во обуката и професионалниот развој на високи државни службеници и дипломати, стои во соопштението.

Реклама

Муцунски вчера се сретна со министерот делегиран за Европа, Бенџамин Адад, со кого разговарал за натамошно унапредување на билатералните односи, продлабочување на политичкиот дијалог и зајакнување на соработката на владино ниво, со посебен фокус на економската соработка.

Министерот Муцунски нагласил дека европската интеграција е приоритет на Владата, која е силно посветена на спроведувањето на Реформската агенда. Воедно истакна дека, заедно со Планот за раст, тие претставуваат клучни процеси за напредокот на земјите од Западен Балкан кон Европската Унија.

-Двајцата министри се согласија дека е неопходно забрзување на процесот на евроинтеграција и дека истиот треба да биде заснован на мерит-систем. Притоа ја нагласија и улогата на Македонија како фактор на безбедност и стабилност во регионот, а стана збор и за актуелни регионални, европски и глобални прашања, се додава во соопштението на Министерството.