Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Општина Ѓорче Петров е домаќин на европските партнери од проектот UrbanGreenLeap

Општина Ѓорче Петров е домаќин на дводневен партнерски состанок на проектот UrbanGreenLeap,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Ѓорче Петров е домаќин на дводневен партнерски состанок на проектот UrbanGreenLeap, кој се спроведува во рамки на програмата Interreg Euro-MED. Проектот ги поврзува општините и стручните организации во заедничка работа на позелени, поотпорни и поквалитетни јавни простори, информираат од Општината.

На отворањето на состанокот, градоначалникот Александар Стојкоски ги поздравил партнерите и посочи дека растот на температурите, потребата од повеќе квалитетно зеленило и заштитата на биодиверзитетот бараат практични решенија во кои ќе бидат вклучени граѓаните.

-Нашата цел не е само да создадеме уште еден парк. Во Волково сакаме да создадеме мултифункционален, достапен и климатски отпорен јавен простор, развиен во соработка со експертите, локалните чинители и, пред се, граѓаните што ќе го користат – истакнал Стојкоски.

Реклама

Пилот-просторот во Волково е дел од поширокиот пристап на општината кон планирањето на зелената инфраструктура. Искуството од неговото уредување, учеството на граѓаните и изработката на Планот за урбана природа ќе послужат за подобро планирање и управување со зелените површини низ Ѓорче Петров.

Во проектот учествуваат десет партнери. Водечки партнер е Општина Цеље од Словенија, а покрај Општина Ѓорче Петров, партнери се IPoP – Институт за просторни политики од Словенија, Општина Јанина од Грција, Parkovi d.o.o. од Хрватска, Конзорциумот Oltrepò Mantovano и Ambiente Italia од Италија, Општина Будва од Црна Гора, CREAF од Шпанија и Универзитетот во Загреб – Факултет за шумарство и технологија на дрво од Хрватска.

Како асоцирани партнери учествуваат Здружението на урбани општини на Словенија, Општина Сузара, Град Вараждин и Покраината Мантува.