Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Шест апликации на првиот Јавен повик за „Енергетско ефикасни домови“ во Македонска Каменица

Заврши првиот Јавен повик за изработка на проектна документација и поставување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заврши првиот Јавен повик за изработка на проектна документација и поставување на енергетско-ефикасни фасади и реконструкција на кровови на станбени згради за колективно домување во Општина Македонска Каменица.

На повикот се поднесени вкупно шест апликации, за кои по извршената евалуација и рангирање е утврдено дека се комплетни. Сите апликации ќе поминат во следната фаза и ќе добијат проектна документација, која се изработува од страна на партнерите во проектот – Хабитат Македонија.

-Благодарение на професионалноста и ажурноста на Хабитат Македонија, проектната документација за реконструкција на фасада за Заедницата на сопственици „Каменичка 18“ веќе е во завршна фаза, а започнува и изработката на документација за Заедницата на сопственици „Каменичка 20“. Очекувањата се дека и останатите четири Заедници на сопственици од „Гоце Делчев 5“, „Александар Македонски 11“, „Самоилова – Кула 1“ и „Самоилова – Кула 2“ ќе добијат проектна документација во текот на ноември 2026 година, информираа од Општина Македонска Каменица. 

Реклама

Општина Македонска Каменица ги повикува и останатите жители во станбени згради за колективно домување да оформат Заедници на сопственици и да бидат подготвени за повикот кој ќе биде распишан во 2027 година.

Општината за оваа намена одвојува, како што посочуваат, рекордни средства во државата и нуди субвенции до 40 отсто, односно до максимум 1 милион денари по апликација.