Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Прилози

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Насилството во училиштата често останува непрепознаено и непријавено, затоа се потребни јасни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Насилството во училиштата често останува непрепознаено и непријавено, затоа се потребни јасни протоколи кои ќе помогнат наставниците навреме да го препознаат и да реагираат. На Светскиот ден на учителот, штипскиот Универзитет промовираше водич за справување со различни форми на насилство – физичко, емоционално, сексуално, социјално и сајбер насилство. Насоките се однесуваат само на првото ниво, односно како навреме да се препознае, со цел да се спречи понатамошно ескалирање.

„Овој прирачник укажува на тоа како да се препознае насилство, физичко, емоционално, сајбер насилство, сексуално и социјално. Кога наставниците ќе бидат освестени, сензибилизирани за тоа, нема да го пропуштат низ нивните филтри, нема да го игнорираат, затоа што може да преминат првото на второ ниво и тоа претставува сериозен општествен проблем“, изјави деканот на ФОН, проф. Трајче Стојанов.

Праксата покажува дека стравот и недовербата се најчести причини поради кои добар дел од децата не го пријавуваат насилството. Помалите ученици се похрабри да зборуваат, за разлика од повозрасните. Затоа, покрај препознавањето, важен е и начинот на кој наставникот ќе комуницира со жртвата, родителите и стручните служби.

Реклама

„Ниту едно дете не треба да се плаши да оди во училиште, како што ниту еден наставник не треба да биде оставен сам да се соочува со насилството, затоа што лесно е да го препознаете, но понекогаш наставниците не се сигурни дали постапуваат правилно. Токму овој прирачник им нуди насоки и комуникациски протоколи како да постапуваат кога ќе се соочат со различен вид на насилство, како да се обратат на ученикот, жртвата, родителите, на стручните служби и во соработка сите заедно да постапат соодветно“, изјави проф. Даниела Коцева.

Според најновите истражувања на УНИЦЕФ, 23% од младите на возраст од 13 до 15 години пријавиле дека биле малтретирани најмалку еднаш, додека во МОН, во последните три години, просечно се пријавуваат по околу 50 случаи на врсничко насилство во училиштата.