Националната установа Народниот театар Битола и Бабел ФАСТ, фестивал од Романија, потпишаа меморандум за соработка, со кој се овозможува размена на уметнички искуства, меѓусебна поддршка, гостувања, копродукции и заеднички театарски иницијативи.
Меморандумот го потпишаа директорот на НУ Народен театар Битола, Васко Мавровски и уметничкиот директор на Бабел ФАСТ, Ливју Келоу, кој во Битола престојува на традиционалниот Битола Шекспир фестивал.
-Оваа соработка е уште едно меѓународно признание за квалитетот, континуитетот и уметничкиот потенцијал на Народниот театар Битола, но и потврда дека нашиот театар одамна ги надминал локалните и националните рамки, информираа од битолскиот театар.
Новото издание на Битола Шекспир фестивал завршува вечер со претставата „Перикле среде морето“ која ќе ја изведат актери од Малта.

