Министерот за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ) Тимчо Муцунски утре во Атина на покана на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис, ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.
Како што стои во соопштението на МНРиНТ, состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, со фокус на следните чекори и можностите за натамошен напредок во пристапниот процес кон Европската Унија.
– Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија – стои во соопштението.

