Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Светската банка: Македонија за помалку од две децении премина од земја со понизок во земја со повисок среден доход, потребни реформи за приближување кон нивото на ЕУ

Македонија остварила извонреден економски напредок по независноста преминувајќи од статус на земја…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија остварила извонреден економски напредок по независноста преминувајќи од статус на земја со понизок среден доход во земја со повисок среден доход за помалку од две децении. Сепак, во изминатите 17 години земјата останала на тоа плато – оценува Светската банка во најновиот извештај за растот и работните места.

Во извештајот, кој беше презентиран денеска во Скопје, Светската банка оценува дека приближувањето кон доходовните нивоа на ЕУ е побавно отколку кај земјите од регионот, а без реформи се предвидува растот на БДП да забави на само 2,4 проценти до 2050 година, далеку под годишниот раст потребен за целосна конвергенција со ЕУ во рамките на една генерација.

Сања Маџаревиќ-Суистер, сениор економист во Светската банка, при презентацијата на извештајот посочи дека тој на некој начин гледа наназад, но истовремено има и поглед кон иднината. Овој поглед наназад, додаде таа, е важен бидејќи ја става земјата во даден контекст, а тој контекст не е одличен, но покажува што е тоа што треба да се направи во рамките на глобалната слика.

Реклама

Таа посочи дека подобрувањето на економската ситуација оди паралелно со намалувањето на стапката на сиромаштија, која е речиси намалена на една третина.

– Не велам дека треба да бидеме целосно задоволни со тоа, но денес тоа е задоволително и одлично достигнување. Земјата имаше урамнотежен раст и тоа е мошне важно. Некои од другите земји доживеаја брз раст, но потоа заборавија да им помогнат на ранливите категории луѓе – рече таа и додаде дека стапката на невработеност денес е околу 11 отсто, а пред 20 години се говорело за 35 отсто.

Во извештајот се наведува дека сегашниот модел на раст, поттикнат од приватната потрошувачка и странските директни инвестиции (СДИ) со ниска додадена вредност и со висок увозен интензитет, при висока концентрација на извозот на мал број пазари и производи, ги достигнува своите граници.

Во сржта на проблемот Светската банка лоцира три структурни слабости: стапица на ниска продуктивност и ниски инвестиции, нарушени пазари и слаба конкуренција, недоволно искористен, а сè помал и скап човечки капитал.

Сепак, од Светската банка велат дека и покрај овие предизвици, Македонија има значителни можности да го забрза растот на продуктивноста, да ја зајакне конкурентноста и да го зголеми животниот стандард.

Извештајот утврдува реформска агенда што може да ги промени сегашните трендови и да отклучи подинамичен, поотпорен и поинклузивен модел на раст, организиран околу три меѓусебно поврзани столба: зајакнување на економското управување и конкуренцијата, подобрување на ефикасноста на јавната потрошувачка, создавање еднакви услови и зајакнување на управувањето со државните претпријатија, како и поттикнување на технолошката интеграција, енергетската ефикасност и иновациите. 

Доколку не се преземе ништо, земјата ќе оди во стагнација, а доколку политичките фактори дејствуваат и преземат мерки, земјата може да забележи побрз раст, повисоки плати и повеќе работни места.

– Комбинираниот реформски пакет би можел да го зголеми просечниот годишен раст од 2,4 на 3,8 проценти до 2050 година и да создаде 250.000 повеќе и подобро платени работни места до 2050 година. Македонија се наоѓа на крстосница. Потребните структурни реформи се добро познати. Сега се потребни политичка посветеност за нивно спроведување и институционален капацитет за реализација. Процесот на пристапување кон ЕУ е одлична можност за овој исчекор – велат од Светската банка.

Светската банка разгледува две сценарија – ако ништо не се преземе, годишниот раст на БДП би забавил и до средината на векот Македонија би достигнала само 55 проценти од просечниот доход во ЕУ и сè уште би била далеку од соседните држави.

Според второто сценарио, одржливите структурни промени би можеле да создадат просечен годишен раст од 3,8 проценти. 

 – Прозорецот на можности се стеснува. Демографските притисоци се засилуваат со секоја година. Намалувањето на конкурентноста во клучните извозни сектори напредува. Моделот на раст што ја доведе земјата до повисок среден доход го губи замавот. Процесот на пристапување кон ЕУ, иако е вистинска можност, не е замена за домашните реформи; тој ги засилува – порачува Светската банка.

Маџаревиќ-Суистер порачува дека треба да бидеме свесни за влијанието на сите испреплетени процеси и да се сетиме на сè што е направено во изминатите две децении.

– За земја без излез на море, отворањето на економијата, трговската поврзаност и привлекувањето странски инвестиции се од исклучително значење за да се искористат сите ресурси за раст. Со приклучувањето кон НАТО во 2020 година, задоволни сме од постигнатиот напредок, но важно е да се истакне дека земјата е кандидат за членство во ЕУ, што останува клучно и во рамките на овој извештај. За помалку од две децении земјата достигна ниво на повисок среден доход. Ваквите економии се соочуваат со предизвикот да преминат од статус на понизок/среден доход кон статус на висок доход. Доколку ја погледнете економската конвергенција кон ЕУ, ќе видите дека другите земји во регионот, иако некои почнаа од пониско ниво, остварија брз напредок и успеаја да го затворат овој јаз многу побргу – истакна таа.

Како ризици за растот во земјата таа ги посочи сферите на енергетиката, фискалниот простор, демографијата, бизнис-климата и додаде дека извештајот нагласува дека земјата поминала низ важна структурна трансформација во изминатите 20 години – преминала од примарното земјоделско производство кон услуги, производствена дејност со повисока додадена вредност, ИКТ-секторот и професионалните услуги.

– Соодветно на тоа, се префрли и вработеноста кон овие сектори. Сепак, податоците на ниво на фирми (достапни заклучно со 2022 година) покажуваат дека странските директни инвестиции, кои беа главниот генератор на нови работни места во периодот 2010 – 2015 година, денес имаат значително помал придонес и во вработеноста и во продуктивноста. Од друга страна, забележително е одредено подобрување на перформансите кај државните компании – нагласи Маџаревиќ-Суистер.