Во текот на последните две и пол години, во рамки на Министерството за внатрешни работи се реализирани конкретни чекори во насока на подобрување на застапеноста и унапредувањето на Албанците, зголемување на вработувањата и децентрализација на услугите, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.
428 албански полициски службеници се унапредени во кариерата.
Реализирани се над 100 вработувања на полициски службеници и над 50 вработувања во административните служби.
Отворени се 8 единици за административни услуги, од кои 5 во рурални средини.
Иницирани се пунктови „One Stop Shop“ во Блаце и Јажинце, а се предвидува нивно проширување и во Ќафасан, Блато и Белановце.
За првпат е создадена можност за именување на Албанец за заменик-началник на сите единици на централно ниво во МВР.
Овие резултати ја потврдуваат посветеноста на ВРЕДИ за правична застапеност, професионално унапредување и услуги поблиски до граѓаните.

