Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Македонија

Јаневска: Дуалното образование дава резултати, но потребно е посилно поврзување на компаниите со науката

– Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека усогласувањето меѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерката за образование и наука Весна Јаневска оцени дека усогласувањето меѓу потребите на приватниот сектор и образовниот систем е сложен процес, при што како клучни предизвици ги посочи демографските и миграциските движења, како и недостигот на работна сила.

На денешната панел-дискусија во организација на Светската банка, Јаневска истакна дека државата презема мерки за намалување на јазот меѓу знаењата и вештините на учениците и студентите и оние што ги бара пазарот на трудот.

– Добрата и успешна приказна е всушност средното стручно образование во Македонија, каде што имаме пораст на дуални паралелки, учење преку работа. И задоволството на компаниите од присуството на овие ученици, од кои повеќето од оние што го продолжуваат образованието остануваат во компаниите – рече Јаневска.

Реклама

Таа посочи дека во последните две години се отворени 70-ина нови градинки со цел поголемо вклучување на децата во предучилишното образование, а од минатата година првпат се воведени кариерни советници во основното и средното образование.

Во однос на усогласувањето на образовните програми со потребите на пазарот на трудот, министерката нагласи дека промените во наставните планови и програми веќе се направени во основното и средното образование.

– Она што дополнително треба да се направи е да се обрне внимание на смарт-специјализацијата, каде што компаниите би требало да се насочат затоа што тоа е стратегија што треба да поттикне економски раст во Македонија – истакна Јаневска.

Според неа, најголем предизвик останува слабата поврзаност меѓу компаниите и високообразовните и научноистражувачките институции.

– Ова треба сериозно да се засили – да се поврзат компаниите со високообразовните научни установи за заеднички да може да произведат производ или иновација, што ќе може да донесе средства. Јас тука го гледам најголемиот јаз и мислам дека во тој правец треба да се насочиме во следните години – рече министерката.

Јаневска потенцира дека подобрувањето на состојбите на пазарот на труд не зависи само од образованието, туку и од владеењето на правото, односот на работодавачите кон вработените и условите што им ги нудат компаниите. Според неа, економскиот развој и подобрувањето на условите за работа ќе придонесат и за поголемо задржување на работната сила во земјата.

– Тоа би било во врска со образованието, но морам да додадам дека не зависи сè од образованието, колку што државата го става на приоритет затоа што, да, владеењето на правото е исклучително важно, односот на компаниите кон вработените – во овој момент мислам и на државните и на приватните компании, погодностите што ги добиваат работниците, профитот што газдите на компаниите сакаат да го постигнат. Впрочем, мене ми остави впечаток и тоа што жените се со помал работен век во одреден процент. ​Но, во земја со среден приход тоа е сосема разбирливо. Тоа ќе се промени тогаш кога ќе станеме поразвиена земја – тие треба да ги чуваат и децата и возрасните во одреден период од животот. Тоа е нешто што со текот на времето се менува и ќе се промени, но компаниите би требало да им понудат одредени погодности – изјави министерката Јаневска.