Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Прв симпозиум на здружение на Медицински сестри од анестезија , реанимација и интезивно лекување

Прв симпозиум на медицинските сестри од областа на реанимација, анестезија и интезивна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Прв симпозиум на медицинските сестри од областа на реанимација, анестезија и интезивна нега се одржа во Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата- Козле.

Домашни и меѓународни претставници се собраа на едно место за да испратат порака за важноста на оваа професија, но и предизвиците кои треба да се надминат.

Претседателката на унијата на здруженија  Гордана Бешлиовска вели дека целта на собирот е специјалноста на медицинските сестри во посебни области да ги отслика нивните компетенции на работните места врз основа на образованието:

Реклама

Пациентите заслужуваат образувани медицински сестри , платени медицински сестри заслужуваат сестри кои што имаат одговорности кои што имаат квалификации изјави претседателката на унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“, Гордана Бешлиовска.

Претседателот на Европската асоцијација на медицински сестри Адриано Фригановиќ вели дека целта е да се убедат надлежните во државата за важноста и значењето на професијата медицинска сестра.

Нашата цел е да помогнеме и да ги увериме актуелните власти, поранешни, сегашни и идни колку се овие медицински сестри важни во составот, колку е важна регуулацијата на сестринската пракса, колку е важно овие сестри да го добијат нивниот закон, да имаат свое регулаторно тело, да имаат своја комора изјави претседателот на Европската асоцијација на медицински сестри Адриано Фригановиќ Адриано Фригановиќ.

Бешлиевска предупреди дека голем дел од медицинските сестри заминуваат во странство, но и ја напуштаат проифесијата. Ваквите состојби според нејзе влијае и на квалитетот на услугите и задоволството на пациентите:

Нарушени се сите стандарди во болниците за број на медицински сестри а тоа иницира продолжено лекување на пациентите, ако стандардот на број на сестри не е доволен не може да се испорачаат работните задачи према пациентите а тоа може да доведе до разни компликации изјави Гордана Бешлиевска поради недостигот на медицински сестри во болниците изјави претседателката на унијата на здруженија, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри – „За нас“, Гордана Бешлиовска.

На симпозиумот претседатели на пет здруженија и на здружението  „За нас“ потпишаа меморандум, со кои се очекува да  се регулира регистрацијата на Сојузот на медицински сестри.

Мартин Трајчевски