Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Од 1 мај, пониски цени ќе важат за над 300 лекови

Цените на повеќе од 300 лекови во Македонија паѓаат. Намалувањето опфаќа широк…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цените на повеќе од 300 лекови во Македонија паѓаат. Намалувањето опфаќа широк спектар на терапии – од хронични болести до секојдневни медицински потреби. Во фокусот е лекот „Ксарелто“, кој го користат пациенти со сериозни кардиоваскуларни заболувања. Неговата цена драматично се намалува ако досега беше над 2.300 денари од мај ќе чини околу 1.600. Според првиот човек на Фондот за здравство оваа мерка е една од најзначајните интервенции во фармацевтскиот сектор во последниве години.

Колку и да се намалуваат цените на лековите, сепак навиката на граѓаните е потребните медикаменти да ги купуваат од соседството, проблемот не е само во цената – туку и во достапноста – вели Клековски. Според него,тоа се должи на законските регулативи. Во Србија има поголема позитивна листа, а во Косово лековите ги немаат поминато сите контроли.

Во Македонија, дури 60 проценти од смртноста се должи на срцеви и мозочни удари – бројка што сериозно загрижува и отвора прашања за здравствениот систем и превенцијата.

Реклама

Токму затоа, од ФЗОМ најавуваат следното ажурирање на позитивната листа да биде насочено токму кон овие пациенти. Планот е на следното проширување на листата, да има лек и за пациентите со канцер на простата.