Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Монетарната и фискалната политика соодветни за одбрана во услови на глобална криза

Не постои опасност од девалвација на македонскиот денар. Нашата валута е стабилна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не постои опасност од девалвација на македонскиот денар. Нашата валута е стабилна и има фиксен девизен курс, со што се овозможува Македонија, да води стабилна монетарна политика, смета универзитетскиот професор Стеван Габер. .       

„За разлика од минатите години кога имало одредени шокови, овој изминат период може да забележиме дека тоа не се случува. Тоа значи дека имаме една смирена ситуација и немаме некој посебни стресови. И од тој аспект конечно можам да потврдам дека денарот е стабилен и со оглед на тоа каква ни е економската состојба во државата, мислам дека идеално решение во поглед на тоа каква монетарна политика треба да се води„ изјави проф.Стеван Габер, од Економскиот универзитет при УГД, Штип.

Според професорот ,новиот пакет тарифи за царина што го воведе Доналд Трамп, ќе преставува сериозен удар за глобалната економија, но не и за нас.  Нашата држава е мала и нема голема изложеност на трговијата со САД, смета Габер. .

Реклама

  „Ние како мала држава, којашто немаме толку голема отвореност или изложеност на трговија со САД, не би требало да имаме големи негативни ефекти но, секако препораката е да  оди во насока , ова што сега го прави владата, преку даночната администрација да се договорат и се усогласат тарифните политики во тој дел. И верувам дека после тоа работата нема да биде толку сериозна. Од аспект на другите економиии тоа нема да биде така, ќе има поголеми негативни последици„ изјави проф.Стеван Габер.

На денешната трибина со која  штипскиот Универзитет го одбележа денот на монетарното осамостојување, пред идните економисти зборуваше и директорката на Управата јававни приходи, Елена Петрова.