Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Здравство

Таравари: Ќе има одговорност и за државни и за приватни клиники ако се утврдат пропусти за смртта на пациентот кој чекаше операција

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска изјави дека ќе се побара одговорност…

Сподели:

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска изјави дека ќе се побара одговорност доколку се утврдат пропусти во постапувањето во случајот со смртта на 59-годишниот Тони Ангеловски, кој почина со пукната аорта додека чекал хируршка интервенција на Клиниката за кардиохирургија.

Таравари потврди дека засега сѐ уште го нема добиено официјалниот извештај од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, но најави следни чекори:

„Ќе го видам извештајот. Ќе треба да има веднаш и стручна комисија. Според моите информации, едната сала работела. Но, дајте ми време да го видам извештајот,“ изјави министерот.

Реклама

Според досегашните информации, за ваков тип итна интервенција во земјава постојат три соодветно опремени сали – една државна и две во приватни болници. Сепак, семејството на починатиот тврди дека пациентот бил препратен од државната клиника поради недостапност на сала, по што во приватна болница им биле побарани неколку илјади евра за операција – средства кои тие не можеле да ги обезбедат. Како резултат на тоа, пациентот бил вратен назад во државната клиника.

Министерот потенцираше дека и приватните установи ќе сносат одговорност доколку се утврди дека не обезбедиле соодветен капацитет:

„Ако немале сала, и тие треба да понесат одговорност,“ додаде Таравари.

Од семејството обвинуваат дека им било речено оти на Клиниката нема слободни сали, а во приватните болници квотите се исполнети до јуни. Иако пациентот бил примен за стабилизација, не била извршена интервенцијата поради недостапност на неопходна опрема.

Од Клиниката за кардиохирургија пак велат дека пациентот бил згрижен и стабилизиран со соодветна терапија. Лекарскиот тим проценил дека поради сложеноста на случајот, шансите за преживување при хируршки третман биле „екстремно мали“, што било соопштено на семејството. Дополнително, посочија дека втората оперативна сала е надвор од функција повеќе од еден месец, поради поставување на нов апарат и адаптација на просторот.

Пациентот бил препорачан за понатамошно лекување во две приватни установи или во странство.