Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Се лекуваат 57 пациенти во Скопје и странство – двајца во животна опасност

Од вкупно 193 повредени во трагедијата во Кочани, 57 пациенти и понатаму…

Сподели:

Од вкупно 193 повредени во трагедијата во Кочани, 57 пациенти и понатаму се на болничко лекување – девет во здравствени установи во Скопје и 48 во странство, информираше министерот за здравство Арбен Таравари.

Според информациите, двајца пациенти се во критична состојба, додека другите се со стабилна здравствена состојба. Дел од нив се во фаза на рехабилитација, а некои очекуваат оперативни зафати.

Во Скопје, двајца пациенти се хоспитализирани на Клиниката за пластична хирургија, четворица во болницата „Свети Наум Охридски“, еден во ГОБ „8 Септември“, а останатите се сместени во приватни здравствени установи.

Реклама

Министерот посочи дека 48 пациенти сè уште се лекуваат во странство, но еден од нив денеска се враќа од Унгарија, со што бројката ќе се намали на 47.

Како позитивен пример на опоравување, Таравари ја истакна состојбата на пациентка која двапати била реанимирана, а денеска на Клиниката за пластична хирургија покажува значителни знаци на подобрување.

„Тоа е добар пример на пациент кој беше во многу тешка состојба“, додаде министерот.