Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Пред велигденските празници: Ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС се препознатливи единствено по неговата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„СДС повторно шири лаги и манипулации. СДС се препознатливи единствено по неговата навика да користи чувствителни теми за да го има во медиумскиот простор, дури и по цена да бараат тема таму каде што нема. Лекови за сите онколошки болни пациенти ќе има,“ порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што веќе објаснија од надлежните институции, моменталниот недостаток на дел од терапијата за онколошките пациенти е поради промени во системот за јавни набавки и за недела дена, односно пред велигденските празници сите лекови ќе бидат достапни во стабилни количини за наредните 12 месеци. Оттука го повикуваме СДС да престане да шири паника, лаги и манипулации. Исто така, потсетуваме дека СДС е партија која ја води Венко Филипче, кој порано бил министер за здравство и кој е директно одговорен за наследената лоша состојбата во македонското здравство,“ велат од владејачката партија.

„Кога сме кај грижата на СДС, токму за ваквите пациенти болни од рак, само ќе повториме дека СДС е партија во чие време на владеење на онколошките пациенти наместо терапија им се даваше физиолошки раствор, а скапата терапија завршуваше на црниот пазар,“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.