Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Тошковски: Пожарот во клубот во Кочани настанал поради пиротехнички средства

„Објектот функционирал 15 години со криминални практики, корупција, поткуп и никакви услови.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Објектот функционирал 15 години со криминални практики, корупција, поткуп и никакви услови. Дали навистина ќе ги затвориме очите и ќе правиме дека ништо не се случува?“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пожарот во дискотеката во Кочани се случил поради употребата на пиротехнички средства. Од разговорот со член на групата ДНК, утврдено е дека пиротехничките средства ги донел бендот. Лицето задолжено за нивна употреба е починато, информираше на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тој најави дека ќе се врши вештачење на пиротехничките средства со цел да се утврди дали бил потребен сертификат за нив, по што ќе биде известено Јавното обвинителство.

Реклама

Концертот во кочанскиот клуб „Пулс“, според министерот, се одржал без дозвола. Немало писмен договор меѓу организаторите и бендот. Полицијата не била известена за настанот. Тошковски истакна дека МВР е задолжено за јавен ред и мир и не е законски обврзано да го обезбедува просторот, ако не постои писмено барање од организаторите.

Иако не добиле известување за концертот, припадниците на полицијата сепак биле во клубот. Тие непосредно пред да избувне пожарот започнале со проверки дали во дискотеката има малолетници и дали се користи дрога. Полицајците кои биле во близина на вратата успеале да се спасат. Меѓу загинатите е еден припадник на МВР, кој бил во објектот и се обидувал да спасува деца.

Досегашната истрага утврдила серија системски пропусти, корупција, непочитување на законите и злоупотреби кои довеле до тоа објектот, кој не исполнува никакви услови, да функционира непречено како ноќен клуб веќе 15 години.

„Шталата’ функционирала така 15 години со криминал, корупција, поткупување и без никакви услови. Зар треба да се правиме слепи? Утврдена е катастрофа – ужас, тоа е утврдено“, изјави Тошковски.

Тој најави одговорност за сите кои на директен или индиректен начин се поврзани со трагедијата во Кочани која одзеде 59 млади животи.Пожарот избувнал околу 2:30 часот во неделата (16.03). Во објектот имало 500 лица, иако биле продадени само 250 карти. Според последните информации, загинале 59 лица, а 163 се повредени. Тошковски информираше дека 45 од повредените се во критична состојба и се транспортираат во странство. Досега се направени обдукции на 15 тела.

Во меѓувреме, беше објавена информација дека починал и возачот на медицинската помош, кој цела ноќ ги превезувал повредените во болница.

Импровизираната дискотека не само што немала соодветна лиценца, туку работела во објект кој бил предвиден за лесна индустрија, а не за угостителство. Прекршени биле повеќе стандарди за противпожарна заштита – во клубот имало само два апарати, немало излезни врати за евакуација, а пиротехничките средства биле користени незаконски.