Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

Околу 15 специјалисти од странство пристигнаа во земјава за да помогнат во третманот на повредените во Кочани

Околу 15 специјалисти од Белград и Чешка пристигнаа во државава за да…

Сподели:

Околу 15 специјалисти од Белград и Чешка пристигнаа во државава за да помогнат во лекувањето на повредените во катастрофалниот пожар што се случи во дискотеката во Кочани. Според последните официјални информации, загинаа 59 лица, а 155 се повредени. Се очекува и пристигнување на специјалисти од Израел.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска изјави дека специјалистите ќе бидат распоредени по клиниките каде што има потреба.

Таравари појасни дека дел од пациентите се транспортирани надвор од државата не затоа што немаме центар за изгореници, туку затоа што се работи за голем број на пациенти.

Реклама

„ И да одите во поголеми држави, нема центри за изгореници. Гледате дека сите држави прифаќаат од двајца до пет пациенти, не повеќе. Кај нас се случи шок, изгореници на повеќе од 100 лица кои треба да се третираат. Нормално е дека немаме капацитети да ги третираме на најдобар можен начин. Овие пациенти, поради компликациите што се јавуваат од изгорениците, а сите се од втор или трет степен, веќе се изложени на опасност од инфекции. Целта ни беше да се третираат што подобро, а ние да бидеме подготвени за евентуални пациенти кои се латентни,“ изјави Таравари.

Директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Сашо Клековски, оцени дека македонскиот здравствен систем одлично се снашол во целата ситуација и дека, и да имавме центар за изгореници, не би можело да им се пружи соодветна грижа, затоа што пациенти со вакви изгореници бараат посебен третман.

„Со целата критика на македонското здравство, вчера над 140 повредени беа прифатени во многу краток период. Зборуваме за пациенти со изгореници од втор и трет степен на повеќе од 10, 20, 30 проценти од површината на телото. Морам да кажам дека првата фаза на згрижување на пациентите е завршена, никој не остана незгрижен. И да имавме центар за изгореници, ќе имавме бокси за четири-пет пациенти,“ истакна Клековски.