Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Здравство

Прилепската болница со амбициозни планови за подобрување на здравствените услуги за пациентите

Набавка на нови софистицирани апарати за речиси сите болнички одделенија, специјалистички екипириња…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Набавка на нови софистицирани апарати за речиси сите болнички одделенија, специјалистички екипириња на лекарските тимови, како и трајни вработувања на здравствен и помошно-технички кадар, се само дел од амбициозните планови за тековнава година на менаџментот на прилепската Општа болница со проширена дејност. Наследениот хаос бара брза и точна „дијагноза“ на нашето заболено здравство, а следствено на тоа и соодветна „терапија“, вели првиот човек на прилепската болница.

Скоро во сите одделенија, значи ќе имаме нова опрема. Очекуваме да имаме нов дигитален рентген, нов столб за анестезија, апарати за ЕЕГ, ЕМГ, ќе имаме новини и на Очното одделение, ќе имаме промена на светлата во салите на Хирургија, на Гинекологија, а ќе разговараме со Министерството да се набави Лапараскоп и за Гинеколошкото одделение за и таму да се почне со таков вид на интервенции“, – вели д-р Кире Јоноски, директор на прилепската Општа болница „Борка Талески“.

За да се ублажи пак, се’ позагрижувачкиот недостиг од лекари-специјалисти, планот за годинава е најпрвин трајно да се вработат лекарите кои сега работат договорно, по што ќе се стекнат со правото да бидат испратени и на одредени специјализации. Но, за среќа, сега имало и доктори, кои веќе биле при крај со своите специјализации и тие за скоро време се враќаат во болницата, уверува Јоноски.

Реклама

На сите одделенија треба да се вратат по еден-двајца доктори. На Гинекологија, моментално се враќа една докторка, на Ортопедија треба да се вратат двајца доктори од специјализација, на Хирургија двајца доктори..И плус, во најскоро време треба да имаме девет приватни специјализанти. Некои се во завршни години, а некои се во средина на специјализацијата и затоа очекуваме тој процес да заврши во најкраток рок“, – посочува д-р Јоноски.

Според Министерот Таравари пак, за годинава, во оваа здравствена установа не се предвидени некакви градежни реконструктивни зафати, бидејќи како што вели, состојбата и не била толку лоша во споредба со некои други болници во државава од тој ранг. Инаку, прилепската Општа болница со проширена дејност опслужува околу 120.000 пациенти од неколку соседни општини.