Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

СЗО: Непозната болест усмрти повеќе од 50 луѓе во Конго

Непозната болест во северозападниот дел на Конго усмрти повеќе од 50 луѓе,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Непозната болест во северозападниот дел на Конго усмрти повеќе од 50 луѓе, соопштија лекарите на терен и Светската здравствена организација (СЗО).

– Интервалот помеѓу почетокот на симптомите и смртта во повеќето случаи е 48 часа, што е сериозна загриженост, рече Серж Нгалебато, директор на болницата „Бикоро“, регионален центар за следење болести.

Избувнувањето на болеста во Конго започна на 21 јануари, а регистрирани се 419 случаи, вклучително и 53 смртни случаи.

Реклама

Според информациите од одделот за Африка при СЗО, првиот случај во населбата Болоко започнал откако три деца изеле лилјак и починале 48 часа откако развиле симптоми на треска.

СЗО соопшти дека бројот на вакви епидемии во Африка се зголемил за повеќе од 60 отсто во последната деценија.

По второто избивање на болеста во населбата Бомате на 9 февруари, примероци од 13 случаи се испратени на тестирање во Националниот институт за биомедицински истражувања во Киншаса. Сите примероци биле негативни за ебола и други вообичаени хеморагични трески како Марбург. Некои примероци биле позитивни на маларија.

Минатата година, непозната болест слична на грип, од која починаа десетици лица во друг дел на Конго, најверојатно била маларија, се наведува во извештајот.