Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Здравство

Нови 1.878 случаи на грип- вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар

Во текот на четвртата недела од 2025 година, во државава пријавени се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во текот на четвртата недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.878 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 33 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со четвртата недела од минатата сезона е зголемен за 2,4 проценти, а во споредба со бројот за четвртата недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 10,2 отсто. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во однос на возрасната дистрибуција, 1 066 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 349, на возраст од пет до 14 години. Додека, 325 од новозаболените се деца на возраст до четири години. Регистрирани се 138 лица на возраст над 65 години

Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, од Скопје – 581, Кавадарци – 219, Куманово – 167, Струмица – 162, Штип – 106, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто.

Реклама

Во шест извештајни единици што пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во 10 – сезонска, во осум – средна, во Крушево, Свети Николе, Кратово – висока, а Кавадарци, Дебар – многу висока активност на вирусот на грип.

„Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, што е над неделната граница за средна активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има широка географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10 отсто три недели со ред. Согласно овие податоци, Република Северна Македонија има среден интензитет на вирусот на грип“, заклучуваат од ИЈЗ.

За заштита од грип, од ИЈЗ препорачуваат да се избегнува собирање и престој во простории каде престојуваат повеќе луѓе, особено да се избегнува близок контакт со луѓе кои се болни или сомнителни – кашлаат, киваат, имаат покачена телесна температура.

„Често да се мијат рацете со вода и сапун или дезинфекционо средство. Да се загреваат просториите за престој и често да се проветруваат. Препорачливо е топло, слоевито облекување, топли бањи. Да се пијат топли напитоци – чаеви и супи, овошни цедени сокови, вода со лимон. Да се земаат свежи продукти богати со витамини и минерали, најдобро овошје и зеленчук што му се неопходни на организмот. Особено се пожелни продукти богати со витамин Ц – цитрони, лимони, портокали. Доколку не се располага секогаш со свежи прехранбени продукти, може да се користат и мултивитамински напитоци и препарати“, советуваат од Институтот.

Се препорачува и практикување здрав начин на живот и навики, вклучително добар сон и одмор, здрава храна, одржување физичка и психичка активност, намалување на стресот.

„Силниот имунитет ќе помогне да се остане здрав или полесно да се справи човек со грипот и заболувањата слични на грип. Сепак, дури и да сте совршено здрави и да имате силен имунитет, може да заболите од грип или заболување слично на грип“, наведуваат од ИЈЗ.

Во таков случај, советуваат да се остане дома – да не се оди на работа, в училиште или на места каде има многу луѓе.

„Одморајте се и земајте многу течности и лесна храна. Избегнувајте блиски контакти со лицата со кои живеете, не примајте посети додека сте болни. Покријте го носот и устата со шамивче при кашлање и кивање. По употреба, фрлете ги во корпа за отпадоци. Носете заштитна маска кога контактирате со своите блиски во домот, кога кашлате и кивате. Практикувајте често и темелно миење раце со топла вода и сапун. Користете влажни марамчиња што содржат алкохол или средство за дезинфекција на рацете. Избегнувајте допирање на очите, носот и устата со раце. Често проветрувајте ја просторијата каде престојувате додека сте болни. Одржувајте ја чиста вашата околина – предмети, површини со средства за хигиена на домот. Ако сте над 65 години или имате хронични заболувања, или доколку симптомите на болеста се влошуваат или траат повеќе денови – побарајте лекарска помош“, советуваат од ИЈЗ.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, потсетуваат од Институтот. Се препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО.

Заклучно со четвртаа недела, во Македонија, вакцинирани се вкупно 72.357 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.