Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Здравство

Расте бројот на заболени од грип, меѓу заразените најбројни се децата

Грипот коси, амбулантите и болниците полни со пациенти. Пикот на заразени со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грипот коси, амбулантите и болниците полни со пациенти. Пикот на заразени со инфлуенца се очекува да биде кон средината на февруари велат од Инстиутот за јавно здравје. Меѓу заразените најбројни се децата.

Од 13 до 19 јануари евидентирани се 1.412 случаи на групни пријави за заболени од грип .Според бројките на ИЈЗ тоа претставува 34, 1 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Од новозаболените, 848 лица се на возраст од 15 до 64 години. Во 251 случај станува збор за деца на возраст од пет до 14 години. Додека, 200 се деца на возраст до четири години. Останатите 113 се лица на возраст над 65 години.

Од ИЈЗ алармираат дека со почетокот на второто полугодие за учениците и дружењето на луѓето во затворен простор поради ниските температури, се дел од факторите што ќе предизвикаат поголем број на заболени од инфлуенца.

Реклама

Од Институтот потсетија дека вакцинацијата е најдобрата заштита од сезонски грип.

Граѓаните со подeлени мислења, за некој вакцината е “спасот” од грипот, а за дел инфекцијата ја превенираат со витманини и чаеви.

Лекарите велат, вакцината штити од тешки форми на болеста, хоспитализација и од смртен исход. Годинава вакцина против грип во земјава примија повеќе од 72.300 луѓе.