Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Здравство

КЛИНИКА ЖАН МИТРЕВ: Тим од кардиохирурзи и кардиолози со сложена операција спаси живот на 74-годишна жена на апарати за дијализа

Со имплантација на современа биолошка валвула – докторите од Жан Митрев и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со имплантација на современа биолошка валвула – докторите од Жан Митрев и го продолжија животот на 74 годишна пациентка која била во тешка општа здравствена состојба, со нарушена функција на бубрезите и поставена на апарат за дијализа. Овој мини-инвазивен метод на замена на протеза на митрална валвула е реткост во светски рамки, а во Македонија оваа операција беше изведена за прв пат во Клиниката Жан Митрев. Првиот човек на клиниката вели дека благодарение на тимот кардиохирурзи и интервентни кардиолози, имплантација завршила успешно.

„Овие навидум невозможни мисии со кои се продолжува животот на пациентите со години и декади, кај нас, во Клиника Жан Митрев стануваат возможни и се почести со што ги поместуваме границите на кардиохирургијата и во светски рамки. Тимот на Клиника Жан Митрев 25 години поставува нови стандарди во целосната здравствена нега и изнаоѓање начини како да помогне на што повеќе пациенти. Со современата апаратура, со примена на напредна технологија создаваме животни можности за нашите пациенти и ја оправдуваме вистинската функцијата на медицината“, истакна д-р Митрев.

Протезата на митралната валвула е поставена преку врвот на срцето во митралната позиција, без пациентката да биде класично оперирана, објаснуваат кардиолозите.

Реклама

Овој зафат е финансиски покриен од  Фондот за здравствено осигурување на Македонија.