Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Прилози

Сајбер криминалот е сериозен проблем од кој никој не е поштеден

Малите и средни бизниси во Македонија не инвестираат во заштита на сајбер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Малите и средни бизниси во Македонија не инвестираат во заштита на сајбер просторот и се подложни на хакерски напади од коишто трпат огромна штета. Не само фирмите туку и граѓаните имаат ниска свест  за присуството на сајбер криминалот во земјава, света универзитетскиот професор по компјутерски науки Југослав Ачкоски. Според него во Македнија потребно е да се формира Агенција за сајбер простор по примерот на развиените земји. Бизнис секторот и владините институции треба да инвестираат во образованието, сајбер безбедноста и подобрувањето на односите со патнерските држави и институции, подвлекува Ачкоски.

Според познавачите, граѓаните не се доволно информирани и имаат ниска свест за заштита на сајбер просторот. Лозинката од 8 карактери со алгоритмите на вештачката интелегенција се пробива многу лесно, предупредува Ачкоски. Развиените земји веќе ја имаат заборавено лозинката, кај нив е воведена употреба на биометриски карактеристики во системите.

Според статистиката на МВР ланската година во земјава има двојно повеќе пријави од луѓе за сајбер злоупотреби од претходната 2022. Додека пак пријавите од страна на фирмите за минатата гоодина во однос на 2022-та, двојно се намалени.

Реклама

До Секторот за Компјутерски Криминал при МВР, за 2022 година од страна на физички лица доставени се 77 пријави, а од страна на правни лица доставени се 49 пријави, додека за 2023 година од страна на физички лица доставени се 175 пријави, а од страна на правни лица доставени се 22 пријави, информираат од Секторот за Компјутерски Криминал при МВР.

Имано, според последната анкета на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации, 72,5 отсто од граѓаните во државата преземаат мерки на безбедност при користење интернет. Тие за заштитуваат со антивирусни програми. Станува збор за население од 35 до 55 години коешто имаат повисоко образование. Резултатите од анкетата се за последните два месеци од минатата година.