Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Функционерските плати ја збеснаа јавноста-синдикатите не веруваат во искреноста на власта

Калкулирањето на власта со ветувањето за нови коефициенти за утврдување на функционерските…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Калкулирањето на власта со ветувањето за нови коефициенти за утврдување на функционерските плати кои попраснаа за 78% го крена револтот на максимум. Јавноста е бесна во очекување на решение со кое треба да се спречи огромното покачување, но од него засега нема ништо поконкретно. Од Владата се правдаат дека се разговарало за сите можности и најавуваат ново законско решение. Но кога тоа би се донело останува неизвесно.  Синдикатите се револтирани и предупредуваат дека ова што се случува е неетички и нечовечки. Не веруваат во искреноста на власта и предупредуваат дека ако има за функционерите тогаш ќе мора да има и за работниците:

Функционерите кои ги убедуваа работниците кои ги убедуваа работниците дека 2000 денари месечно зголемување на платите е доволно, тие добиваат 2000 денари дневно покачување и тоа е жално и поразително за една држава. Ние предлагаме работниците да го добијат истиот модел кој го добија и функционерите, рече за Алфа Слободан Трендафилов од ССМ.

Реклама

Премиерот Ковачевски, како и останатите негови соработници тврди дека е против зголемување на платите. Но од ветеното корегирање на коефициентите се уште нема ништо. Допрва ќе се консултира за ново законско решение. Дали дотогаш би донирал дел од платата не одговори конкретно:

Иако основицата за пресметувања плата согласно одлуката се зголемува, Владата работи на изработка на нов закон за плати во кој ќе се стави конзистентност во исплатата на палти за сите функционери во државата, бидејќи и денес постои неконзистентност во исплатата на плати на фунцкинерите. Јас досега имам многу пати донирано, имам голем број благодарници од различни организации каде имам донирано и како физичко лице и како претставник на правно лице, но никогаш со тоа не сум правел ПР, рече Ковачевски

Наспроти правдањето на Владата, шефот на државата предупредува дека Владата има надлежност да реагира. Пендаровски побара платите да останат на исто ниво:  

-Мојот став го знаете. Мене ми е криво што повеќе носители на функции не го делат тој мој став. Тука има две работи. Прво одлуката на Уставен суд мора да се почитува затоа што непочитувањето на одлуката на Уставен суд е кривично дело, рече Претседателот Пендаровски.

Со укинувањето на двата члена од Законот за плати на избрани и именувани лица, јавните функционери ќе добијат речиси и двојно повисоки плати.

Одлуката на Уставен е во сила од 23 март и задолжителна за примена. Пратениците веќе добиле плус 16.000 денари на мартовската плата само за последната недела од минатиот месец.  

Кристина Алексиеска