Реклама

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Економија

Не треба да се кратат веќе стекнатите права на работниците, вели Дурмиши за предлогот на Стопанската комора за празниците

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека не треба да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши смета дека не треба да се кратат веќе стекнатите права на работниците. Коментирајќи ја иницијативата на Стопанската комора за кратење на празниците, министерот рече дека сепак ова барање, ако стигне до нив, ќе биде ставено на разгледување на седницата на Економско-социјалниот совет (ЕСС) закажана за 19 октомври. 

– Работниците имаат стекнати права, кои им припаѓаат ним. Празниците се за граѓаните што припаѓаат на која било религија и ние нема да интервенираме во тој дел – изјави денеска Дурмиши на прес-конференција, на која ја претстави потрошувачката кошничка за август, изготвена од Министерството.

Вели дека досега не е стигнат никаков предлог до нив од Стопанската комора, но ако има такво барање, ќе биде ставено на разгледување на ЕСС.

Реклама

– Ние треба да работиме во делот да ја зголемуваме продуктивноста внатре во институцијата, а не да ги демотивираме рабтниците со овие чекори – рече Дурмиши оставајќи простор за ова да се дискутира на ЕСС.