Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина, Фатма Мерич Јилмаз

Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма Мерич Јилмаз, претседателка на турската Црвена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Фатма Мерич Јилмаз, претседателка на турската Црвена полумесечина и членка на Советот на претседателот на Република Турција, придружувана од претседателката на македонскиот Црвен крст, Лилјана Ристевска.

Како што соопштија од нејзиниот Кабинет, претседателката, успешната соработка меѓу Црвениот крст и турската Црвена полумесечина воспоставена во 1995 година, ја оцени како силен фактор во градењето пријателски македонско-турски односи.

Според неа, сè посложените хуманитарни предизвици, наметнуваат потреба од поголема меѓународна солидарност, координирана помош и премин од реактивно кон превентивно дејствување.

Реклама

Таа укажала дека јакнењето на регионалната хуманитарна соработка, како и споделувањето на знаења, искуства и добри практики, водат кон поефикасен, навремен и соодветен одговор на кризите.

Сиљановска-Давкова го поздравила проширувањето на постојните и иницирањето нови заеднички проекти меѓу двете национални организации, насочени кон помош на ранливите категории во воени, но и во мирнодопски услови. 

Фатма Мерич Јилмаз информирала за улогата на турската Црвена полумесечина и нејзината меѓународна мрежа, како и за плодната соработка со македонскиот Црвен крст преку бројни програми, донации и обуки.

Таа нагласила дека во фокусот на нивните хуманитарни активности во моментов се лица постари од 65 години, како најзапоставена категорија граѓани.

Исто така, Јилмаз потсетила на несебичната турска помош на граѓаните на Скопје, по катастрофалниот земјотрес во 1963, но и на возвратената македонска помош на турските граѓани по катастрофалниот земјотрес во Турција во 2023. -Беше изградено ново училиште, коешто денес го носи името „Македонија – додала таа.

На Сиљановска-Давкова таа ѝ подарила архивски записи и историски фотографии, коишто ја документираат помошта од турската Црвена полумесечина за време на скопскиот земјотрес во 1963.