Внукот на контроверзната Вилма Русковска, поранешна јавна обвинителка, која определен период беше и шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, се јави да зборува за состојби во Фудбалскиот сојуз на Македонија, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Станува збор за претседавачот со Централниот одбор на СДСM, Герасим Лазов, до сега познат како личност која само знае да седи и да праќа пораки колку се не чини во државава.
Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче затоа не може да коментира паушално.
Сега му текна на Лазов да се јави и да критикува за ФФМ, а не гледа кога станува збор за СДСM кој со кого е поврзан, како стигнува до функција, како делат функции и пари.
На внукот на Русковска, позната како обвинител која гонеше неистомисленици, му порачуваме пред да се појави во јавност, прво да погледне околу себе и каде е тој и што е СДСM предводена од Венко Филипче и неговиот учител Зоран Заев.

