Владина кошничка не постои. Постојат само минимална и просечна потрошувачка кошничка, а Владата ја воспоставува статистиката исклучиво според критериумите на Евростат, кои важат насекаде во светот. Ова е ставот на премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашањето дали во идната методологија за трошоците на живот ќе влезат кириите и ратите за кредити, и за какви економски политики Владата ќе ги користи овие податоци.