Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Димитриеска-Кочоска: Задолжувањата според планираното, јавниот долг во рамки на проектираното, Еврообврзницата во 2027 може да се реализира во два дела

Нивото на јавниот долг останува во рамки на проектираното и Фискалната стратегија.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нивото на јавниот долг останува во рамки на проектираното и Фискалната стратегија. До крајот на годината ќе се реализираат задолжувања само што се планирани во Буџетот и Ребалансот. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на една од националните телевизии, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

„Министерството за финансии не може да се задолжува дополнително ако тоа не е предвидено со Буџетот и Ребалансот“, рече министерката и појасни дека заради промена на состојбата на пазарите е направено задолжување на меѓународниот пазар и дека генерално со домашно задолжување ќе се заокружи дефицитот за годинава.

Наведе дека се следат состојбите, се прават калкулации и се избираат опции за пониски камати. При тоа посочи дека до крајот на годината нема да има издавање на еврообврзница.  

Реклама

„Ги разгледуваме состојбите. Издавањето на Еврообврзницата ќе зависи од состојбите на пазарот. Неизвесноста е голема и затоа ја разгледуваме и можноста за следната година да издадеме 2 еврообврзници или да имаме два различни типови на задолжување. Не сме одлучиле дека ќе биде во јануари, може и февруари. Но како и да е секако еден дел обврзница треба да имаме за да може да ја сервисираме Еврообврзницата издадена во 2023 година, а која доспева во 2027 година која беше со каматна стапка повисока од 6%. Значи дека каматната стапка тогаш била поприлично висока“, посочи министерката.

Во интервјуто се осврна на Ребалансот на Буџетот којшто беше усвоен од страна на Владата. При тоа се посочи дека капиталните расходи кај кратењето е по основ на КАПЕФ механизмот, односно дека има одложување на проекти кај кои нема реализација согласно планот, а дека нема кратење на проекти кои што имаат редовна динамика на реализација.

За инфлацијата изрази очекувања дека ќе се стабилизира, додека во врска со подготовката на Буџетот за наредната година посочи дека се работи и дека ќе се движи во рамки на Фискалната стратегија, а од проритети ќе бидат здравството.