Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Вреди: Нулта толеранција за насилството, нема компромиси кога е во прашање законот

ВЛЕН изразува длабока загриженост во врска со случајот на двајцата млади жители…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВЛЕН изразува длабока загриженост во врска со случајот на двајцата млади жители на Сарај, кои пријавија дека биле изложени на полициско малтретирање. Искрено сочувствуваме со нив и со нивните семејства, ја споделуваме нивната вознемиреност и нагласуваме дека секој граѓанин има право на достоинствен третман, заштита и правда, наведува Вреди во соопштение.

Како албанска политичка партија на власт, ВЛЕН од самиот почеток активно се интересира за случајот и внимателно ги следи сите случувања. Нашиот став е недвосмислен: полициската униформа не смее да биде оправдување за насилство, ниту, пак, овластувањата што ги носат смеат да бидат злоупотребени. Секое пречекорување на службените овластувања и секое прекршување на законот мора да повлече соодветна одговорност.

Доколку истрагата утврди дека полициските службеници постапувале надвор од своите законски овластувања, тие мора да одговараат согласно законските прописи.

Реклама

Го поздравуваме фактот што надлежните механизми за внатрешна контрола веќе постапуваат по случајот. Очекуваме темелна, непристрасна и транспарентна истрага, која ќе ги расветли сите околности и ќе даде јасни одговори за постапувањето на инволвираните службени лица. Истовремено, го повикуваме Јавното обвинителство, врз основа на утврдените факти и прибраните докази, да ги преземе сите неопходни мерки во рамките на своите надлежности.

Особено загрижува фактот што опозицијата се обидува на еден ваков сериозен случај да му даде етничка димензија и да го искористи за поттикнување меѓуетнички тензии.

Според информациите со кои располагаме, полициските службеници за кои постојат сомневања дека биле инволвирани во случајот припаѓаат на три различни етнички заедници. Токму затоа сметаме дека одговорноста мора да се утврдува исклучиво врз основа на факти, докази и конкретни постапки, а не според етничката припадност на поединците.

Човековите права, достоинството на граѓаните и владеењето на правото немаат етничка припадност. ВЛЕН најостро го осудува секој облик на насилство, без оглед на тоа кој го извршува и врз кого е насочено. Подеднакво неприфатливи се и обидите една ваква чувствителна ситуација да се злоупотреби за ширење омраза, поделби и недоверба меѓу граѓаните.

Двајцата млади момчиња и нивните семејства заслужуваат вистина и правда. За ВЛЕН, овој случај не смее да се претвори во предмет на дневнополитички пресметки, туку мора да се третира како сериозно прашање кое бара институционална одговорност, доследно почитување на законите и заштита на довербата во правниот систем.

Истрагата мора да се спроведе до крај. Вистината мора целосно да излезе на виделина, а доколку се утврдат прекршувања на законот, одговорните мора да сносат последици, без исклучоци и без било какви разлики.