Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Заменик-министерот Дритон Сулејмани учествува на меѓународна дискусија за развој на вештините, отпорноста и справувањето со глобалните трансформации

Заменик-министерот за образование и наука Дритон Сулејмани беше еден од панелистите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за образование и наука Дритон Сулејмани беше еден од панелистите во дискусијата за улогата на меѓународната соработка во развојот на вештините, отпорноста и справувањето со глобалните трансформации,  организирана во рамки на Глобалниот самит за вештини што се одржа во Торино, Италија.

МОН објави дека во своето обраќање Сулејмани ги презентираше приоритетите и реформските заложби на Македонија за градење образовен систем кој одговара на потребите на пазарот на трудот, технолошкиот развој, демографските промени и зелената транзиција.

Особено го истакна значењето на зајакнувањето на стручното образование и обука, развојот на дуалното образование, во кое денес се вклучени над 1000 компании, унапредувањето на регионалните центри за стручно образование и обука, кариерното советување и промовирањето на доживотното учење.

Реклама

-Нашата цел не е само да одговориме на потребите на пазарот на трудот, туку, пред сè, да создадеме можности младите да ја градат својата иднина во нашата земја, а граѓаните да имаат можност да се приспособуваат, да напредуваат и активно да учествуваат во економските и општествените трансформации – рече Сулејмани.

Во рамките на Националната реформска агенда и процесот на европска интеграција, Сулејмани потенцираше дека институциите остануваат посветени на градењето инклузивен, квалитетен и конкурентен образовен систем, заснован на одржливи партнерства меѓу образовните институции, бизнис-заедницата и меѓународните партнери.

-Инвестирањето во образованието и развојот на вештините е инвестиција во иднината на нашата земја и во нејзината европска перспектива – додаде заменик-министерот.