Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Сулејмани и Мендони во Курбиново: Пример за успешна македонско-грчка соработка во заштитата на културното наследство

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и министерката за култура на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, и министерката за култура на Грција, Лина Мендони, ја посетија црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, каде што се запознаа со резултатите од завршената конзервација на вредниот фрескоживопис на црквата.

-Присуството на грчката министерка за култура во Курбиново има особено значење, имајќи ја предвид успешната соработка меѓу институциите од двете земји, особено придонесот на грчките експерти во реализацијата на конзерваторските активности. Конзервацијата е реализирана со стручна поддршка од експерти од Грција, ангажирани врз основа на Меморандумот за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, во соработка со експерти од Националната установа Завод и музеј – Битола, соопшти Министерството за култура и туризам. 

На министерката Мендони ѝ беа презентирани значењето и вредностите на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, како и културните и природните вредности на Преспанскиот Регион и значењето на неговото наследство за унапредување на соработката и поврзувањето меѓу двете земји.

Реклама

На посетата беа присутни и директорката на Заводот и музеј – Битола, Маргарета Спасов, и претставници на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици, со што, наведува Министерството, дополнително беше нагласена важноста на институционалната и стручната соработка во реализацијата на конзерваторските активности.

-Истакнувајќи ја успешната соработка меѓу институциите и стручните лица од Северна Македонија и од Грција, министерот Сулејмани посочи дека завршената конзервација на фрескоживописот во Курбиново претставува конкретен резултат од размената на знаења, искуства и експертиза. Тој ја нагласи и важноста на присуството на министерката Мендони, како потврда за посветеноста на двете земји кон натамошно унапредување на соработката во областа на културата и заштитата на културното наследство, се наведува во соопштението. 

Црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново е значаен споменик на средновековното културно наследство и едно од највредните сведоштва на византиската уметност од XII век на територијата на Северна Македонија. Со своето исклучително културно и историско значење, црквата претставува важен дел од наследството на Преспанскиот Регион и значаен пример за потенцијалот на културното наследство да ги поврзува институциите и народите од двете страни на границата.