Министерот за правда Јетон Шасивари во рамки на Меѓународниот самит за правда во Истанбул оствари билатерална средба со министерот за правда на Демократска Република Конго, Гијом Нгефа, на која беа разменети искуства и ставови за состојбите во правосудството, владеењето на правото и предизвиците во обезбедувањето ефикасен и достапен правосуден систем, соопштуваат од Министерството за правда.
Во разговорот, двајцата министри се осврнале на значењето на институционалната соработка и меѓусебната размена на искуства меѓу различните правни системи, при што ја нагласиле и важноста на отворениот дијалог како основа за развивање идни форми на соработка.
– Средбата беше можност за непосреден разговор за состојбите во правосудството, институционалните искуства и предизвиците со кои се соочуваат државите во обезбедувањето ефикасна и достапна правда – стои во соопштението од министерството.
Според нив, различните правни системи и институционални искуства нудат можност за размена на гледишта за улогата на правосудството и значењето на владеењето на правото во современите општества.
– Соговорниците ја истакнаа вредноста на отворениот дијалог и меѓусебното разбирање како основа за развивање контакти и разгледување можности за идна институционална соработка – дополнуваат оттаму.

