Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

ЗНАМ: Просторно планирање со визија, одговорно управување и конкретни резултати за Македонија

Во рамки на институционалниот отчет „Две години работа. Две години резултати. Една…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на институционалниот отчет „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија!“ Александар Гелевски, директор на Агенцијата за планирање на просторот, ги презентираше резултатите од работењето на институцијата во 2025 година и активностите продолжени во 2026 година, се вели во соопштениетоод ЗНАМ.

Во фокусот на работењето е Нацрт-просторниот план на Македонија за периодот 2021–2040 година, кој во декември 2025 година беше доставен до Министерството за животна средина и просторно планирање, а во мај 2026 година беше доставена и дополнета верзија. Станува збор за стратешки документ од кој зависат идниот инфраструктурен развој, инвестициите и одржливото уредување на просторот во државата.

Во текот на 2025 година Агенцијата изработи 435 услови за планирање на просторот, работеше на урбанистичка документација за проекти од државно и локално значење, вклучително и граничните премини Табановце и
Богородица и аеродромот „Св. Апостол Павле“, а започна и првата фаза од Генералниот урбанистички план на Куманово.

Реклама

Резултати се забележани и во финансиското и институционалното работење. Агенцијата ја оствари најголемата добивка пред оданочување во последните пет години, со истовремено намалување на расходите во однос на претходната година.

Независната ревизија позитивно го оцени прикажувањето на финансиската состојба и успешноста на институцијата. Особено значајно е унапредувањето на институционалниот интегритет.

Според извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата, исполнетоста на системот за интегритет на Агенцијата пораснала од 15,3% во 2024 година на 71,15% во 2025 година. Тоа е зголемување од 55,85 процентни поени, постигнато преку воведување појасни правила, етички стандарди и механизми за одговорно управување.

Квалитетот на стручната работа го потврдуваат и меѓународните признанија, меѓу кои и Големата награда „Владимир Мачура“ на 34. Меѓународен салон за урбанизам во Зрењанин, за студијата за урбан развој во рамките на Просторниот план на државата.

Од ЗНАМ порачуваме дека јавната функција значи одговорност, отчетност и мерливи резултати. Институциите мора да работат професионално, да управуваат рационално со јавните ресурси и да создаваат долгорочни решенија во интерес на граѓаните. Македонија има потреба од планиран, одржлив и рамномерен развој, а не од импровизации и краткорочни решенија. Затоа, определбата на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија е јасна: одговорно управување денес, со визија за развојот на Македонија утре.