Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Поставена нова маркација на планинарските патеки на Шар Планина кои беше оштетени во текот на годината

На потегот од Попова Шапка до Титов Врв на Шар Планина се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На потегот од Попова Шапка до Титов Врв на Шар Планина се поставени нови ознаки и патокази кои беа оштетени во август годинава, информираат од службата за односи со јавност при „Славков проект – Обележување на планинарски патеки во Северна Македонија“, поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка. 

По завршувањето на неколкунеделните активности за поставување нови патокази, во средата се одржала и промоција на која присуствувале бројни чинители вклучени во проектот, меѓу кои претставници од трите амбасади, општините Тетово и Боговиње, Националниот парк „Шар Планина“, како и партнерите за спроведување на проектот – Планинарската федерација на Северна Македонија и организацијата „Одржливи авантуристички патувања“ (Sustainable Adventure Travels). 

Од „Славков проект“ информираат дека по промоцијата следување и промотивно планирање со локални планинарски организации (повеќето од нив партнери во проектот), како и љубители на природата. 

Реклама

-Групата ја предводеа локални планинари, заедно со врвниот чешки алпинист Марек Холечек – добитник на престижната награда „Златен цепин“ (Piolet d’Or) во два наврати и специјален гостин на тековниот филмски фестивал „EHO“ во Скопје – се вели во соопштението. 

Во своето обраќање, австрискиот амбасадор Мартин Памер ги истакнал сличностите помеѓу Македонија и земјите од „Славковската група“ – Австрија, Чешка и Словачка.

-Иако сите овие земји немаат излез на море, тие споделуваат долга традиција на планинарење и високо го ценат своето природно наследство. Додека во Австрија, Чешка и Словачка планините и националните паркови претставуваат значајни туристички дестинации, Македонија сè уште има простор подобро да го искористи својот потенцијал – преку туризмот да поттикне локален економски развој и да промовира одржливо користење на природата. Токму овие сличности, како и потенцијалот кој сè уште е во голема мера неискористен, беа причините поради кои трите амбасади се одлучија да го реализираат овој проект – истакнал Памер. 

Слично на тоа, чешката амбасадорка Ирена Готцова и словачката амбасадорка Ивета Хрицова го нагласиле обединувачкиот дух на „Славковската иницијатива“. 

Во соопштението се наведува дека проектот е реализиран со придонес на волонтери и локални планинарски организации, чија посветеност била  од клучно значење за поставувањето и одржувањето на ознаките на патеките. 

Промотивното планинарење по првиот дел од новообележаната зимска патека се одвивало од Попова Шапка, преку Церипашина, па сè до врвот Антени на 2.530 метри надморска височина.

Дополнително, проектот „Славков“ е претставен од страна на тројцата амбасадори на филмскиот фестивал „ЕХО“, при што бил прикажан и краток филм за активностите во рамките на проектот.

Активностите спроведени во рамките на проектот „Славков“ вклучуваат подобрување на постоечката инфраструктура, како што се ознаките на патеките и планинските домови, како и поставување нови зимски ознаки (колци), патокази и друга инфраструктура за ориентација. Ова придонесува за подобра видливост, полесно движење и поголема безбедност во предизвикувачки планински услови.