Реклама

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Владата подготвена за дијалог со студентите – се најавува зголемување на сумата за студентски оброк

Ревизијата со позитивна оценка за трошењето на парите од унгарскиот кредит

Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ: Ден Дончев, вработени во приватна болница и ФЗОМ се сомничат за злоупотреби и перење пари

Македонија

Минчев од Приштина: Ставаме крај на нефункционалноста, администрацијата мора да испорачува резултати

Реформата на јавната администрација подразбира суштинска промена во функционирањето на институциите, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформата на јавната администрација подразбира суштинска промена во функционирањето на институциите, од бирократски процедури и формално исполнување обврски кон професионално работење, јасни правила, одговорност и мерливи резултати за граѓаните. Ова го истакна министерот за јавна администрација Горан Минчев на министерскиот панел во рамките на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина.

Минчев, како што се посочува во соопштението од Министерството за јавна администрација (МЈА), нагласи дека јавната администрација е оперативниот мотор на државата, а нејзината сила се мери според способноста да решава проблеми, да презема одговорност и да испорачува резултати.

– Со реформите во Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор воспоставуваме систем во кој професионалноста, компетентноста и одговорноста ќе бидат мерило за сечија работа. Оние што работат квалитетно, покажуваат посветеност и постигнуваат резултати мора да бидат препознаени и соодветно наградени, но исто така оние што не ги исполнуваат работните обврски и не ги оправдуваат очекувањата мора да сносат соодветни последици – порача Минчев.

Реклама

Тој нагласи дека ефикасни институции не може да се градат без јасни критериуми и систем во кој трудот ќе се вреднува, а непрофесионалното работење нема да се толерира.

– Само така градиме администрација во која заслугите се наградуваат, а неодговорноста има последици – истакна министерот.

Како следни клучни чекори во реформскиот процес Минчев ги посочи професионализацијата на раководните позиции и функционалното организирање на институциите. Со примената на законската рамка за високи раководители, почната на 1 октомври годинава, се зајакнуваат основите за професионално и одговорно управување.

Истовремено, подготовката на новиот закон за организација и работа на органите на државната управа (ЗОРОДУ) е насочена кон појасни надлежности, отстранување на преклопувањата и подобра координација меѓу институциите.

– Државата не смее да губи енергија во институционални преклопувања и нејасни одговорности. Секоја институција мора да има прецизно утврдена улога, а секоја одговорност мора да има носител. Само така создаваме систем што работи во интерес на граѓаните, а не граѓаните да се приспособуваат на слабостите на системот – рече Минчев.

Како важен инструмент за професионализација на администрацијата тој го посочи почетокот на работата на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници, планиран за јануари 2027 година.

Академијата треба да овозможи континуирано унапредување на стручните знаења, развој на лидерските компетенции и јакнење на професионалните капацитети на административните службеници. Целта е знаењето да стане двигател на институционалниот напредок, а професионалниот развој да придонесе за поквалитетно управување и резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат.

Учеството на конференцијата „Косово ПАР 2026“ ја потврди важноста на регионалната соработка и размената на искуства во спроведувањето на реформите.

Според Минчев, успехот на реформите не се мери само со бројот на донесени закони или спроведени активности, туку пред сè со промените што граѓаните ги препознаваат во секојдневниот контакт со институциите. Насоката на Министерството за јавна администрација е изградба на администрација што нема да ја забавува државата со непотребни пречки, туку ќе ја придвижува напред со знаење, ефикасност и одговорност.