Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Телеком нуди нова можност за приоритетен интернет: Пуштена во употреба првата 5G+ мрежа во Македонија

Македонски Телеком официјално ја пушти во употреба првата самостојна 5G+ мрежа во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонски Телеком официјално ја пушти во употреба првата самостојна 5G+ мрежа во Македонија – 5G Standalone, со што започнува нова ера во развојот на мобилните услуги. Станува збор за една од најголемите технолошки промени во мобилните мрежи во последната деценија, која создава основа за поперсонализирано, пофлексибилно и посигурно поврзување.

Со овој технолошки исчекор, Македонски Телеком продолжува да ја предводи дигиталната трансформација на земјата. Токму во годината кога одбележува 30 години од првата мобилна мрежа во Македонија, компанијата ја носи следната генерација мобилна технологија на македонскиот пазар.

– Пред 30 години ја поставивме првата мобилна мрежа и го започнавме развојот на мобилните комуникации во земјата. Денес, со првата 5G+ мрежа, го правиме следниот голем чекор. Но, технолошкото лидерство за нас не е само прашање на нови технологии, туку и на вредноста што ја создаваме за луѓето, компаниите и општеството. Горди сме на патот што го поминавме, но уште повеќе нè инспирира она што е пред нас. Со 5G+ го отвораме следното поглавје на дигиталниот развој на Македонија – рече главниот извршен директор Горан Марковиќ.

Реклама

За разлика од 5G мрежата, која дел од основните функции ги реализира преку постојната 4G инфраструктура, 5G+ користи самостојна 5G архитектура. Таа овозможува напредни мрежни функции и создава основа за развој на дигитални услуги приспособени на различните потреби на корисниците.

Една од најважните можности што ги носи 5G+ е мрежното сегментирање (Network Slicing), што овозможува персонализирана конекција. Преку Network Slicing, во рамките на мрежата се создаваат посебни виртуелни сегменти, приспособени за различни услуги и апликации – со соодветна брзина, време на реакција и приоритет на поврзување. Така, корисниците добиваат квалитет на услугата приспособен на нивните потреби.

– 5G+ е почеток на новата генерација мобилни услуги. Досега мрежата обезбедуваше исто искуство за сите, а сега можеме да понудиме поврзување приспособено на конкретните потреби на корисниците. Тоа значи дека, кога некому му е важно да има стабилна конекција, без оглед на тоа дали е на концерт со илјадници луѓе или има важен деловен видеоповик, може да добие приоритетен пристап до мрежата. Но, ова е само почеток. 5G+ отвора можности за нови дигитални искуства, cloud gaming, AI апликации, поврзани уреди и напредни решенија за бизнисите и индустријата. Со оваа технологија не воведуваме само нова мрежа, туку создаваме основа за услугите на иднината – изјави Маја Милосавлевска Наумовска, главен директор за техника и ИТ на Македонски Телеком.

За корисниците, новите можности на 5G+ стануваат реалност преку T Priority – нова услуга што овозможува загарантиран приоритетен пристап до мрежата преку Network Slicing. Услугата се активира едноставно преку апликацијата Telekom MK, важи 24 часа од активирањето и чини 299 денари за една активација.

5G+ е достапна за сите постпејд корисници на Македонски Телеком, доколку се наоѓаат во подрачје со 5G+ покриеност, имаат SIM-картичка и телефон што ја поддржуваат технологијата и надградба на последната софтверска верзија на уредот. Во почетната фаза, услугата може да се користи на следните модели: T Phone 3 Pro, Samsung Galaxy S26, S26+, S26 Ultra, а наскоро и Xiaomi 14T Pro и Xiaomi 15. Листата на поддржани телефони постепено ќе се проширува, со што сè повеќе корисници ќе можат да ги користат придобивките од новата 5G+ мрежа.