Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Економија

Мицкоски: Владата ќе продолжи со пробизнис и проекономска политика

Македонската економија расте најбрзо во регионот и има потенцијал да продолжи засилено…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската економија расте најбрзо во регионот и има потенцијал да продолжи засилено да се развива. Последниот извештај на Светска банка за регионот на Западен Балкан ја рангира Македонија највисоко по постигнатото досега годинава. Она што дополнително охрабрува е што прогнозите за растот на економијата се подобрени. За разлика од пролетната, актуелната прогноза на Светска банка е подобрена и предвидува раст на економијата годинава од 3,2%.

Овие бројки се позитивен сигнал, особено во услови на глобални економски предизвици и нафтената криза. За Светска банка, предизвикот не е само за Македонија, туку и за регионот, како да се обезбедат поголема продуктивност, развој на бизнисите и инвестициите за да се обезбедат долгорочен развој и приближување кон стандардот на ЕУ.

Македонија е фокусирана на ова и веќе активно работи на серија крупни инфраструктурни проекти кои ја движат економијата. Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен и најавува дека Владата ќе продолжи засилено со политиките за развој на инвестициите и поддршка на домашниот бизнис.