Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Потпишани анекси на договорите за соработка со центрите за развој на планските региони

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со директорите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ денеска оствари работна средба со директорите на центрите за развој на планските региони, на која беа потпишани анексите на договорите за соработка за 2026 година, со кои се овозможува исплата на дополнителни 15 милиони денари, односно по 1.875.000 денари за секој центар.

-Со дополнителните средства, вкупната финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа за активностите на осумте центри во 2026 година изнесува 24,6 милиони денари, односно по 3.075.000 денари за секој центар. Средствата се наменети за реализација на активностите и задачите утврдени во член 30 од Законот за рамномерен регионален развој, во согласност со развојните приоритети на планските региони, соопшти Министерството. 

Дополнителните 15 милиони денари се обезбедени со ребалансот на државниот буџет за 2026 година. За таа цел, се додава во соопштението, Владата ја донесе Програмата за изменување на Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2026 година, со која се овозможува дополнителна исплата на финансиски средства за осумте центри.