Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Економија

„Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат Top Employer 2026

„Алкалоид“ АД Скопје е добитник на меѓународно признатиот сертификат Top Employer 2026…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Алкалоид“ АД Скопје е добитник на меѓународно признатиот сертификат Top Employer 2026 за Македонија, доделен од реномираниот Top Employers Institute од Холандија, глобална организација која ги оценува и ги сертифицира компаниите што применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси и во грижата за вработените.

Меѓународната сертификација претставува потврда за континуираното вложување во знаењето и професионалниот развој на вработените, како и за стратешката определба на компанијата за унапредување на корпоративните практики и за создавање квалитетна и поттикнувачка работна средина. Сертификацијата се доделува врз основа на сеопфатна процена на политиките, процесите и практиките на компаниите во областа на човечките ресурси. Методологијата на Top Employers Institute опфаќа шест клучни области и 20 теми, меѓу кои стратегијата за човечки ресурси, лидерството, работната средина, привлекувањето и развојот на таленти, благосостојбата на вработените и корпоративните вредности, соопштија од компанијата. 

„Особено сме горди што во годината во која го одбележуваме нашиот 90-годишен јубилеј ’Алкалоид’ го добива ова престижно меѓународно признание. За нас тоа претставува потврда за долгогодишната посветеност на развојот на компанијата, континуираното унапредување на корпоративните практики и градењето култура заснована на доверба, почит и заеднички вредности. Ова признание е дополнителен поттик да продолжиме да вложуваме во знаењето, професионалниот развој и создавањето нови можности со истата одговорност со која го градиме нашиот успех. Упатувам особена благодарност до сите алкалоидовци, чиј придонес е нераскинлив дел од ова заедничко достигнување“, истакна Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје.

Реклама

Континуираното унапредување на организациските практики и развојот на човечкиот потенцијал остануваат меѓу стратешките приоритети на „Алкалоид“, придонесувајќи за одржлив раст, меѓународна конкурентност и за натамошно зајакнување на позицијата на компанијата со силен национален и меѓународен углед и со препознатлив корпоративен идентитет, стои во соопштението од компанијата.