Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Савески на форум на балканските државни обвинители во Анталија: Конфискацијата е клучна во борбата против финансискиот криминал

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Турција.

На форумот, Савески имал излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”, во кое тој се осврнал на искуствата на нашата земја во борбата против финансискиот криминал, предизвиците за лоцирање и одземање на незаконскиот имот, но и на чекорите што ги презема македонското јавно обвинителство за поефикасен кривичен прогон на перењето на пари и зголемување на обемот на конфискацијата.

-Ефективниот одговор мора да опфаќа повеќе од само истражување и кривично гонење на криминалното однесување. Тој исто така мора да ги идентификува, следи, замрзне и, на крајот, да ги конфискува средствата стекнати преку криминал. Во спротивно, финансиската корист од криминалните активности може да остане кај сторителите, дури и кога кривичната постапка е веќе во напредна фаза – нагласил Савески, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Реклама

Савески, исто така, ги истакнал активностите на истражните центри во јавното обвинителство и зајакнувањето на капацитетите за финансиски истраги.

-Клучен приоритет е поефективно поврзување на овие напори: спроведување финансиски истраги паралелно со кривичните истраги, зајакнување на соработката меѓу институциите, користење меѓународна правна помош таму каде што е потребно, како и следење на имотот сè до негова конечна конфискација. На крајот, успехот треба да се мери не само според бројот на отворени предмети или вредноста на замрзнатиот имот, туку и според способноста да се обезбеди конечна конфискација и да се намалат финансиските придобивки од криминалните активности – изјавил Савески.

На маргините на форумот, Савески, како што информираат од Обвинителството, остварил билатерална средба со турскиот Главен јавен обвинител Мухсин Шентурк.