Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Гаши потпиша Меморандум за соработка со Управен суд согласно Планот за дигитално поврзување на судот со јавните органи

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и в.д. претседателот на Управниот суд Бурим…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието, Африм Гаши и в.д. претседателот на Управниот суд Бурим Сејдини го потпишаа Меморандумот за соработка за дигитално поврзување на Собранието и Управниот суд.

Како што информираат од собрајниската прес-служба, овој Меморандум е потпишан согласно Планот за дигитално поврзување на Управниот суд со јавните органи, Вишиот управен суд и правните и физичките лица преку соодветна софтверската платформа.

Целта на Меморандумот, како што се наведува во соопштението, е да се воспостави рамка за меѓусебна соработка за дигиталното поврзување (софтверската платформа за дигитализација ЕПУС) при извршувањето на утврдените надлежности на институциите.

Реклама

Дигиталното поврзување и размена на податоците меѓу Собранието и Управниот суд се воспоставува и спроведува согласно важечките прописи – Законот за управни спорови, Законот за општата управна постапка, Судскиот Деловник, Законот за судови, Законот за електронско управување и користење на услуги, Законот за заштита на личните податоци и согласно надлежностите на Собранието и Управниот суд, како страни потписнички на овој меморандум.

Меморандумот ги опфаќа следните процеси: поднесување на тужба; покана за одговор на тужба; достава на одговор на тужба и списи; одговор на одговор на тужба; достава на покани; достава на одлука; достава на жалба; одговор на жалба; достава на одговор по жалба со списи; одговор на одговор на жалба; достава на жалба до Виш управен суд; достава на второстепена одлука; достава на второстепена одлука до странките; достава на додатни списи за предметот и достава на останати акти за предметот.

-Сите овие процеси дигиталното поврзување на Собранието и Управниот суд ќе ги забрза, олесни и ќе придонесе за поефикасно работење на институциите од една страна и поефикасно остварување на правата на физичките и правните лица утврдени со закон. Во спроведувањето на овој Меморандум страните потписнички ќе ги применуваат највисоките стандарди за безбедност согласно националното законодавство и ќе ја почитуваат доверливоста на податоците и информациите кои се предмет на размена – се вели во соопштението од Собрание.

Од Собрание посочуваат дека Меморандумот ќе биде предмет на постојана заедничка анализа, како и на евентуална дополнителна измена согласно потребите на страните потписнички, со цел унапредување на соработката.