Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Предлогот да се исплаќа плата по работен час прифатлив за КСС, Владата вели треба да се направат анализи

– Идејата да се плаќаат вработените по работен час што ја иницираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Идејата да се плаќаат вработените по работен час што ја иницираше Сојузот на стопански комори е прифатлива и за Конфедерацијата на слободни синдикати. Оттаму велат дека време е да се смени методологијата за пресметка на платите. Од Владата со став дека се отворени за дијалог и разгледување на сите предлози, но дека треба да се направат анализи. 

– Време е за промена на методологијата за минималната плата и претварање на минималната плата во минимален работен час, од причина што секој месец имаме различен број на работни денови. Ако земеме февруари со 20 и јули со 23, знаеме дека работниците работат три дена повеќе во јули. Нашата цел е со ваквото претварање на минималната плата од минимална плата во работен час, да почнат по вертикала да растат сите плати, не само минималната, туку сите плати, не само во јавниот сектор, туку и сите плати во приватниот сектор – вели претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Благоја Ралповски. 

Од КСС, кои денеска организираа конференција за минималната плата, засега без конкретен одговор дали се согласуваат саатнината да остане 150 денари или е потребно нејзино покачување.

Реклама

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески вели дека какво и решение да има, тоа треба да се донесе преку конструктивен дијалог со сите социјални партнери. 

– Сите решенија не треба да бидат политичка одлука што би направила потрес во економијата, а индиректно преку потресите од економијата, бидејќи имавме многу такви примери во минатото, се создаваат и понезадоволни работници и плати со пониска куповна моќ и намален животен стандард. Затоа сите решенија треба да бидат добро анализирани, да се види во новите методологии кои се позитивните, а кои се негативните страни, што би добиле работниците со таквите нови методологии, колку би пораснале платите, а од друга страна колку би направиле помал потрес на и онака крвката економија во Македонија – вели Ристески.  

Ваквиот начин на плаќање, како што посочи Ристески, го има во неколку поразвиени држави, но сепак треба да се направат детални анализи и да се види како тоа ќе се рефлектира врз целиот сектор. 

– Плаќањето по саатнина значи директни промени во Законот за работни односи, којшто и сега се менува. Сега се работи на негова смена, тоа значи и целокупно менување на системот на изработка на платите. Треба да видиме што значи тоа во приватниот сектор, што значи тоа во јавниот сектор и како би се одразило на целокупната економија. Од економски гледна точка, можеби ќе даде подобра продуктивност, подобра контрола на вработените и во приватниот и во јавниот сектор, меѓутоа, од друга страна, да видиме дали тоа ќе даде и позадоволни работници со повисоки плати, нагласи заменик-министерот за економија и труд.  

Го повтори ставот на Владата дека приоритет ќе биде растот на просечната плата којшто треба да биде поголем од инфлацијата. 

– Само 2 процента од работното население во Македонија кое е во работен однос зема минимална плата. Приоритет на Владата треба да биде растот на просечната плата. Директно со зголемувањето на просечната плата, која влегува како главна компонента во зголемувањето на формулата на минималната плата, растат и минималните плати, а просечната плата секогаш се зголемува со подобрување и зголемување на економските параметри – истакна Ристески.

За работодавачите, ваквиот начин на исплата на плата е прифатлив и тоа нема да значи дека работодавачот ќе го тера работникот да работи колку што сака саати.

– Што се однесува до предлогот за исплата на плата по саат, може да се направат одредени измени, но тоа не значи дека работодавачот може слободно колку сака работникот да го натера да работи — да работи 12 часа или да работи 10 часа, или да работи пет или два. Мора да има период во кој ќе се усогласи тоа. Сега во моментов во Германија се одвива една таква дебата каде што дневното работно време може да биде и до 12 часа, но на неделно ниво пак треба да има 40 часа. Значи мора на некое неделно или месечно ниво часовите да ги има, оние кои работникот треба да ги има за да ја земе целата плата и да се задоволи. Тоа ќе донесе поедноставување во исплатата. Значи оние денови кога повеќе ќе работат, ќе заработат повеќе, оние денови кога помалку што работат, помалку ќе заработат и ќе ја поедностави пресметката – вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Од Сојузот на стопански комори од каде потекна идејата за плаќање по саатнина велат дека ваквиот начин на исплата значи пофлексибилно работно време за работникот, поголема продуктивност и заштеди за компаниите.