Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Митева: Позитивни економски сигнали од Светската банка – Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција истакна дека најновите извештаи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролката на Владата, Марија Митева, на денешната прес-конференција истакна дека најновите извештаи на Светската банка (СБ) и на Европската комисија содржат позитивни оценки за економските движења во земјата посочувајќи дека СБ ја ревидирала нагоре прогнозата за раст на македонската економија за 2026 година на 3,2 проценти.

– Најновите извештаи на Светската банка и на Европската комисија носат значајни информации за економските движења на Македонија, за постигнатите резултати, но и за перспективите на македонската економија за периодот што следува. ​Ќе почнам со најновиот редовен економски извештај на Светската банка за Западен Балкан, објавен вчера на 27 октомври, во кој е направена нагорна ревизија на прогнозата за економски раст на Македонија во 2026 година. Според овој извештај, Светската банка предвидува македонската економија годинава да оствари раст од 3,2 проценти, што претставува зголемување за 0,3-процентни поени во однос на претходните проекции – рече таа.

Владината портпаролка нагласи дека ваквата оценка доаѓа во услови на сериозни глобални економски предизвици, геополитичка неизвесност, енергетски притисоци и забавена економска активност. ​За Македонија, како што потенцира таа, ова претставува важна оценка за досегашните економски движења, но и јасна насока за политиките што треба да продолжат во наредниот период.

Реклама

– Оценките на Светската банка се надополнуваат со податоци од најнови економски извештаи на Европската комисија, објавен на 20 октомври, кој покажува дека Македонија во вториот квартал за 2026 година остварила економски раст од 4,3 проценти, што претставува највисока стапка на раст помеѓу шесте економии од Западен Балкан. Дополнително, македонската економија бележи забрзување на овој раст од 3,1 проценти во првиот квартал на 4,3 проценти во вториот квартал оваа година – рече Митева.

Како што истакна портпаролката, особено значајни се и податоците за структурата на растот според податоците на Државниот завод за статистика, при што градежништвото во вториот квартал бележи реален раст од 21,9 процент, преработувачката индустрија од 4,1 проценти, а секторот информации и комуникации од 4,3 проценти.

– Истовремено, бруто-инвестициите бележат номинален раст, а финалната потрошувачка е зголемена номинално за 7 проценти. Тоа се конкретни економски показатели што говорат за зголемена активност во повеќе значајни сектори. Особено важен е растот на градежништвото како сектор што директно, но и индиректно влијае врз голем број други стопански дејности, домашни компании, транспортот, производството, но и инфраструктурниот развој. Во изминатиот период претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, повеќепати укажуваше на важноста на капиталните инвестиции, инфраструктурните проекти и создавањето услови за поголема економска активност. На овие процеси се надоврзуваат и податоците за растот на градежништвото и инвестициите – рече таа.

Митева додаде дека Владата е свесна оти позитивните економски показатели не значат автоматски надминување на сите предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

– Не очекуваме граѓаните да го мерат својот животен стандард само според статистички податоци. Тие го оценуваат напредокот преку сопствените приходи, можностите за работа, цените на производите и услугите, и тоа е сосема разбирливо. Токму затоа овие резултати ги претставуваме како важна основа за понатамошен економски развој. Тие покажуваат дека македонската економија бележи раст, дека постои економска активност и дека и покрај сложените надворешни услови, се создаваат основа за понатамошно подобрување на животниот стандард – истакна Митева.

Таа нагласи дека Владата останува посветена на политики што ќе обезбедат долгорочна економска стабилност и подобрување на животниот стандард.

– Кога Светската банка ја ревидира прогнозата за економскиот раст на Македонија, а Европската комисија потврдува дека во вториот квартал ние имаме највисока стапка на раст, тоа се важни меѓународни оценки за економските движења во Македонија. Тие претставуваат основа за оценување на резултатите од економската активност, но и за натамошно унапредување на економските политики. ​Одговорноста на Владата е да го одржи позитивниот развоен тренд, да обезбеди стабилност на јавните финансии и да продолжи со реформи што ќе овозможат резултатите од економскиот раст да имаат сè поголемо влијание врз животот на граѓаните – рече владината портпаролка.

Одговарајќи на новинарско прашање до каде е процедурата за новиот закон за туристички развојни зони и дали езерото Треска ќе биде опфатено со него, Митева нагласи дека е во тек подготовка на законското решение.

– Од информациите што ги имам, знам дека во тек е изработка на едно такво законско решение. Очекувам во периодот што следува да имаме подетални информации за тоа до каде е процедурата и за колку време би бил готов законот – рече таа.

Во однос на Треска, Митева изрази очекување езерото да биде вклучено во новото законско решение додавајќи дека дополнително ќе ги провери информациите со Министерството за култура и туризам.