Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува продолжување на добрососедските односи и продлабочување на економската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува продолжување на добрососедските односи и продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Србија по изборниот резултат на „Студентската листа“, предводена од Илија Срдановиќ, кому, како што посочи денеска, веќе му ја честитал победата во телефонски разговор.

Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за изборните резултати во Србија по промоција на мобилната апликација „m.Uslugi“, рече дека веќе разговарал со Срдановиќ и му честитал за победата, додавајќи дека очекува двете земји да продолжат да соработуваат како добри соседи.

– Очекувам нашите добрососедски односи да продолжат и понатаму. Очекувам како добри соседи да работиме на зголемување на нашата економија и во едната и во другата земја – изјави Мицкоски.

Реклама

Осврнувајќи се на критиките од опозицијата во земјава, премиерот рече дека очекува во периодот што следува да продолжат нападите и навредите кон него, но дека нема да одговори со ист речник.

– Јас сум навикнат на навредите, на конструкциите и на лагите кои што ги слушам. За мене, оние кои што доаѓаат од партиската говорница на таа опозициска партија, тие би сакале јас да се спуштам на тоа ниво и на ист начин да им одговорам, со истиот речник. Се разбира дека тоа нема да се случи – рече Мицкоски.

Тој додаде дека приоритет на Владата ќе останат реформите, проектите и политиките за иднината, а не, како што рече, личните напади од опозицијата.

– Ние ќе се бориме со реформи, со проекти, со политики кои што обезбедуваат иднина, а тие пошто немаат што да понудат, тие ќе продолжат да ме навредуваат. Тоа е тоа, од мене им е простено, а останатото останува на нив – изјави Мицкоски.