Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Минчев и Јагџиу потпишаа меморандум за соработка: Ги поврзуваме знаењето и искуството за поквалитетни јавни услуги

Зајакнување на билатералната соработка, размена на експертски знаења и добри практики и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнување на билатералната соработка, размена на експертски знаења и добри практики и унапредување на професионалните капацитети на институциите биле во фокусот на билатералната средба меѓу министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и министерот за дигитализација и јавна администрација на Република Косово, Лулезон Јагџиу. 

Средбата, како што соопшти МЈА, одржана на маргините на меѓународната конференција „Косово ПАР 2026“ во Приштина, резултирала со потпишување Меморандум за соработка, со кој се отвора простор за поконкретно партнерство меѓу двете министерства.

Двајцата министри ја истакнале важноста од воспоставување директна институционална комуникација и поврзување на експертските капацитети, со цел разменетото знаење да се преточи во применливи решенија.

Реклама

-Соработката меѓу институциите има вистинска вредност кога знаењето се споделува, искуството се претвора во конкретни решенија, а придобивките ги чувствуваат граѓаните. Верувам дека Македонија и Косово имаат простор за уште поблиско партнерство, преку кое ќе ги разменуваме успешните практики, ќе учиме едни од други и ќе отвораме нови можности за професионално унапредување. Нашата цел е институции што работат поефикасно, постапуваат професионално и им овозможуваат на граѓаните поквалитетни услуги – истакнал министерот Минчев.

Со потпишаниот Меморандум се предвидува соработката да се развива преку заеднички обуки, размена на експерти и обучувачи, развивање програми за унапредување на стручните и раководните вештини. Дополнителен простор за соработка се отвора во управувањето со човечките ресурси, како и преку заеднички проекти и регионални иницијативи.

-Со ова партнерство, Македонија и Косово ја потврдуваат определбата за градење посилни институционални врски и споделување знаења во интерес на поквалитетното функционирање на јавната администрација. Бидејќи вистинската вредност на меѓуинституционалната соработка се мери преку конкретните придобивки за граѓаните, навремени услуги, професионален однос и поедноставни, поефикасни постапки – истакнуваат од Министерството за јавна администрација.