Реклама

Синдикатите и работодавачите на маса – наместо минимална плата, се договара решение за плаќање по работен час

Ваучери за храна по примерот на Словенија – ново решение за поддршка на студентите

СБ: Македонската економија со најбрз раст во регионот, Владата ќе продолжи со пробизнис политика

Николоски најави нови два експесни патишта кон Бугарија, железничко поврзување со Албанија

Лична карта и возачка дозвола на мобилен телефон – промоција на М.УСЛУГИ, нова бесплатна апликација

Четворица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров 

Кој ќе седне во жешкото обвинителско столче во Организиран криминал – Во изборната трка учествуваат пет кандидати

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Македонија

Почина универзитетскиот професор и дипломат Јован Донев

На 71-годишна возраст денеска во Скопје почина универзитетскиот професор, научник и дипломат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На 71-годишна возраст денеска во Скопје почина универзитетскиот професор, научник и дипломат Јован Донев, кој зад себе остави богата академска, научна и дипломатска кариера.

Донев беше истакнат истражувач во областа на македонската историја, меѓународните односи и геополитичките процеси поврзани со Македонија и Балканот.

Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 1979 година. Магистерските студии ги завршил во 1986 година, а докторирал во 1993 година, при што значителен дел од неговата научна работа бил посветен на меѓународните политички аспекти на македонското прашање.

Реклама

Својата научна кариера ја градел во Институтот за национална историја во Скопје, каде што се стекна со звањата научен советник и редовен професор. Предавал на повеќе високообразовни институции, меѓу кои Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Од 1999 до 2012 година беше извршен директор на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“, а претходно ја извршуваше функцијата директор на Охридскиот летен универзитет. Во текот на 1990-тите години беше претседател на Управниот одбор на Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија.

Во дипломатската служба, Донев беше амбасадор на Македонија во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон, во периодот од 2013 до 2017 година. Во истиот период бил акредитиран и како амбасадор во Ирска и Исланд. Во 2017 година беше и член на Советот за безбедност на Македонија.

Донев е автор и коавтор на бројни научни трудови и публикации од областа на историјата, меѓународните односи и надворешната политика. Меѓу неговите позначајни дела се трудови посветени на Македонија во меѓународните договори, односот на големите сили кон Балканот, како и на македонското прашање во периодот на Балканските војни.