Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

„Жетва без нејзино име“: Разговор за руралните жени и нивниот невидлив труд

Над 38.000 жени во Македонија се регистрирани како земјоделки, но многу од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 38.000 жени во Македонија се регистрирани како земјоделки, но многу од нив немаат еднаков пристап до финансиска сигурност, породилно отсуство, здравствено осигурување и социјална заштита. Овие предизвици беа во фокусот на вчерашната панел-дискусија „Жетва без нејзино име: Руралните жени и невидливиот труд“, одржана во „Европската куќа“ во Струмица, соопштија организаторите.

Настанот беше организиран како дел од кампањата „Носи ја промената“ (Wear the Change), иницирана од Делегацијата на Европската Унија и амбасадите на земјите членки на ЕУ, обединети во „Team Europe“, во рамки на националниот караван. Дискусијата отвори простор за разговор за системските и институционалните пречки, но и за предрасудите и нееднаквостите што го ограничуваат пристапот на жените во руралните средини до нивните права.

-Жените земјоделки учествуваат во производството на храна и руралната економија, а истовремено најчесто се грижат и за домот. Сепак, нивниот труд и придонес често остануваат надвор од формалните економски и институционални рамки. Посебно загрижувачки е пристапот до имот и земјиште: во 2021 година, само 4,1 процент од жените во руралните области биле евидентирани како сопственички на имот, додека на национално ниво земја поседуваат само 12 проценти од жените, се наведува во соопштението од настанот.

Реклама

Разговорот ги опфатил причините за овие нееднаквости, вклучувајќи ги практиките поврзани со наследувањето. Иако ќерките имаат законско право да наследуваат, често се откажуваат од својот дел во корист на браќата. На тоа влијаат долгогодишни традиции и очекувањето дека по бракот ќерката ќе „припадне на друго семејство“.

Во дискусијата учествуваа Вероника Јоана Чолка, заменик-шефица на мисијата на Амбасадата на Романија, Лејла Рајкова, застапничка за правата на руралните жени и локалното земјоделство и Лилјана Јоновски, вонредна професорка на Факултетот во Кичево и експертка за вклучување на жените во јавниот живот, со фокус на руралните средини. Разговорот го модерираше Андреа Угриноска од „Тиииит! Инк.“ – Скопје.

Панелистките ги разгледале предизвиците со кои се соочуваат жените што живеат и работат во руралните средини, спроведувањето на законите и достапните механизми за поддршка. Беше отворена и перспективата на Романија, како земја со значително учество на работната сила во земјоделството, како и прашањето за улогата на Европската Унија во унапредувањето на правата на руралните жени.

Во разговорот биле опфатени и општествените и културните пречки што опстојуваат покрај законските рамки, како и начините на кои институциите и заедниците можат да придонесат за еднакви можности. По панелот, во прашања и одговори се вклучи и публиката.

-Главната порака од дискусијата беше дека придонесот на жените земјоделки мора да биде препознаен и проследен со еднакви права и сигурност. Обезбедувањето пристап до имот, здравствено и социјално осигурување и права поврзани со работата е важен чекор кон поправедно и одржливо општество, се додава во соопштението од настанот.

Преку караванот „Носи ја промената“, Делегацијата на Европската Унија, амбасадите на земјите членки на ЕУ и мрежата на „Европски куќи“ продолжуваат да отвораат јавни разговори за родовата еднаквост и правата на жените низ земјата.