Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Минчев од Кавадарци: Граѓаните не живеат од ветувања, туку од резултати што ги чувствуваат

Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кавадарци продолжи со отчетот пред граѓаните за сработеното во изминатите две години, се вели во соопштението од ЗНАМ.

Генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација, Горан Mинчев, во своето обраќање испрати јасна порака дека довербата од граѓаните се оправдува со работа, храбри одлуки и конкретни резултати, а не со празни ветувања. Тој се осврна на реформите во јавната администрација, капиталните инвестиции и обврската институциите да испорачуваат резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат во секојдневниот живот.

-Со законскиот пакет за административните службеници и вработените во јавниот сектор, како и со Законот за високи раководители, поставуваме основа за професионална администрација, систем на заслуги и јасна одговорност на раководните позиции. Целта е знаењето, стручноста и резултатите да бидат критериум за напредување, а не привилегиите и партиските влијанија. Со подготовката на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници инвестираме во луѓето и во нивната способност да обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните- истакна Минчев.

Реклама

Во своето обраќање, Минчев се осврна и на капиталните инвестиции и поддршката за локалниот развој. Повеќе од 1.200 локални проекти се
поддржани и се завршени или се во фаза на реализација во општините низ државата, опфаќајќи инфраструктура што директно влијае врз квалитетот на
животот на граѓаните. Тој ги посочи и значајните патни проекти, меѓу кои автопатот Скопје–Блаце и патните правци Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани, Букојчани–Кичево, Кичево–Охрид и Прилеп–Битола, како инвестиции важни за поврзувањето на регионите и економскиот развој.

-Резултатите мора да се гледаат таму каде што живеат граѓаните, во подобри локални патишта, подобра инфраструктура, пофункционални институции и нови можности за развој. Не е доволно да зборуваме за развој, туку мора да создадеме услови луѓето да го почувствуваат- нагласи Минчев.

На панел-дискусијата во Кавадарци се обрати и потпретседател на ЗНАМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, кој се осврна на земјоделството и поддршката за земјоделците. Во градот кој е еден од симболите на македонското лозарство и винарство, поддршката за земјоделското производство има особено значење за локалната економија и егзистенцијата на многу семејства.

Дополнително свое обраќање имаа и директорот на Центарот за комуникација на ЗНАМ и директор на ПИОМ, Никола Мемов, кој говореше за пензискиот
систем и сигурноста на пензионерите, како и директорка на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, која се осврна на заштитата на животната средина и инспекцискиот надзор.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија продолжува со средбите на терен, затоа што отчетот пред граѓаните е обврска што не смее да се сведе на зборови.
Две години работа се мерка за преземената одговорност, но и обврска да се продолжи понатаму, со реформи, инвестиции и резултати што ќе се гледаат во секоја општина и ќе се чувствуваат во секое домаќинство.